lokum fest

Во Битола ќе се одржи 17- то издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“ 2023. 

Локум фест 2023 започнува на 18.07 на платото на Офицерски дом со промоција на новиот албум на старите пријатели на фестивалот, групата „Баклава“ во 20.30 ч. во Офицерски дом-КИЦ Битола, за да продолжи вечерта со музиката која доаѓа од соседна Грција и Loxandra Ensemble – Λωξάντρα во 21.30 ч.

Оваа година за прв пат има Локум фест-ОФФ Програма , првата вечер во Вино бар Буре на Магнолија со Баклава и гостите од Грција.

„Нашата пасија за откривање на традиционалните музички спомени и звуци на конзулска Битола, ни ги носи нашите „битолчани“ од Њујорк, Elias ladino ensemble, а соработката со Државниот архив-одд.Битола ни донесува прекрасна изложба на фотографии од музичкиот живот на битолските евреи. Втората вечер  ја затвораме со познатиот македонско-словенечки мајстор на саксофон Васко Атанасовски и промоција на неговиот албум на балканска музика„Мелем“ со пејачката Добрила Грашеска“, вели Тоше Ивановски, организатор.

lokum 3

Дружбата продолжува во Хотел Театар со ладино музика, поезија, закуска, дружба…Последната вечер на 20.07 е резервирана за старата битолска чаршија каде ќе се случува фестивалското „крешендо“.

„Ќе се распостелиме покрај пешачката улица крај Драгорот, со ракотворби, локуми, турско кафе, добра храна и радост…Ќе уживаме во мајсторијата на Вевки Амедов и неговите „Јужни звезди“, славејќи ја ромската култура, а токму оваа вечер ги имаме специјалните гости од партнерскиот фестивал Резонатор од Данска кои со поддршка на MOST music ги имаме во Битола. Групата „Ypek Yolu“ или патот на свилата е харизматична спојка на традиционална анадолска народна музика и фанк фјужн, музика која има една единствена цел-да ве разигра и опушти…“, вели Ивановски.

Традиционално на сите три фестивалски вечери ќе бидат присутни ЗУР Македонски ракотоворби , крушевски и битолски локум, со презентации на рачно изработени производи и секако кафе.

meblo trejd lepilo
cleardot
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…