Nova Solutions 4 e1656313375791

Дигиталниот маркетинг е совршен пример како треба да се искористат новите текови на општеството кое се движи кон технологијата и социјалните мрежи. Кога дигиталната маркетинг агенција Nova Solutions од Битола во 2007 година започна со работа, социјалните мрежи беа сé уште во развој, но визијата, упорноста, напорната работа и стручноста 15 години подоцна ги доведе до едно високо професионално ниво и успешна компанија со голем број клиенти. Она што ги води по дигиталниот пат на успехот е нивното мото од почетокот – да нудат решенија. Nova Solutions работи дава услуги во делот на дигитализација и креативно е-изразување, маркетинг, особено на социјалните мрежи и креативни оригинални е-дизајни како е-алатки за развој на бизнисите. За 15 успешни години постоење во дигиталниот маркетинг простор, поразговаравме со Предраг Стојковски, извршен директор на Nova Solutions.

Nova Solutions 9
Предраг Стојковски, извршен директор на Nova Solutions

Читај бе: Годинава ви е јубилејна – славите 15 години. Да се вратиме малку наназад, на почетоците…Каква беше тогаш визијата на Nova Solutions?

Предраг: Да, точно така. Во ноември оваа година прославуваме 15 години од работењето. Како што и нашиот слоган вели, основната премиса ни беше и остана, да понудиме решение за нашите клиенти од областа на маркетингот – We provide solutions.

Во периодот кога почнавме со работата социјалните мрежи, пред се Фејсбук и Твитер беа во повој и стануваа доминантен канал на комуникација помеѓу младите. Си рековме зошто да не понудиме на компаниите да го користат овој канал на комуникација во промоција на своите производи.

Тоа го понудивме на Битолската млекара и така ја креиравме историјата на дигиталниот маркетинг во Македонија – креиравме прва маркетинг кампања на социјалните мрежи во Македонија.

Nova Solutions 8

Читај бе: Каде сте сега како компанија? Дигиталниот свет замина на многу високо ниво особено последните години…

Предраг: 15 години потоа пораснавме – како и со бројот на клиенти, со бројот на вработени, но и со услугите кои ги нудиме. Покрај креирање на кампањи на социјалните мрежи, нудиме и услуги од делот на графичкиот дизајн, веб дизајн, но и во последно и во делот на видео продукција.

Nova Solutions 4

Читај бе: Кој е тимот на Nova Solutions?

Предраг: Во моментот имаме 6 вработени, распоредени на различни работни позиции – од графички дизајнери до креатори на маркетинг кампањи, но исто така и 5 надворешни соработници. Тимот покрај мојата маленкост го чинат Магдалена Аневска, Мартина Ристевска, Теодора Трајковска, Алекс Којдовски и Марија Вангелова.

Nova Solutions 2

Читај бе: Колкав е предизвикот за вас како компанија да бидете успешни во дигиталниот маркетинг? Што сé е во доменот на вашата работа?

Предраг: Предизвикот е навистина голем – работиме во динамичен сектор кој што бара континуирано учење и едуцирања, но исто така и унапредување на креативноста и иновативноста. Она што го работиме има неколку фази – од истражување на пазарот идентификувањето на потребите на клиентите, поточно на клиентите на нашите клиенти.

Ги идентификуваме вредностите на компанијата која е нашиот клиент и потоа почнуваме со креирање на комуникациска стратегија, а се со крајна цел да се зголеми продажбата на нивните производи, но и во исто време да се зголеми свесноста за нивните производи кај нивните купувачи.

Nova Solutions 6

Читај бе: Што конкретно значи дигиталниот маркетинг?

Предраг: Се прави некој вид на мистификација или на според мене непотребно комплицирање на објаснувањето што е тоа дигитален маркетинг. Всушност се работи за маркетинг активности прилагодени за дигитални канали на  комуникација (социјални мрежи, веб сајтови, видео портали и сл.).

Значи сите маркетинг постулати кој што ги знаеме и што се веќе познати се користат и во дигиталните канали на комуникација. Она што е разлика и во исто време и голема предност на овие канали на комуникација е пред се брза мерливост на маркетинг активности и брза повратна информација.

Да, дигиталниот маркетинг има свои специфичности и успешен настап на дигиталните медиуми не е лесно да се постигне. Сé повеќе станува наука и зависи од многу фактори – пред сé од вашето знаење и вашата креативност.

Nova Solutions 7

Читај бе: Дали компаниите го препознаваат значењето и моќта на дигиталниот маркетинг? Каков бенефит им носи тој?

Предраг: Дефинитивно ДА. Компаниите се свесни за битноста на овој вид на маркетинг активности, особено со појава со КОВИД кризата. Сите компании кои што пред КОВИД кризата имаа развиено дигитални канали на комуникација полесно се изборија со предизвиците кои што оваа криза ги има донесено.

Во однос на бенефитите тие се големи – пред сé се зголемува видливоста на брендот, подиректен контакт со нивните потрошувачи и помеѓу другото се отвора уште еден канал на продажба. Продажбата по пат на социјалните мрежи, специјализирани веб продавници добива сé поголемо значење, а во исто време се намалуваат и трошоците на компаниите.

Nova Solutions 3

Читај бе: Веќе 15 години имате успешна соработка со голем број клиенти. Која е тајната?

Предраг: Големата тајна на успешните готвачи – всушност нема тајни. Она што е најбитно е да ја оправдате довербата која што ја добивте во вашите клиенти. Тоа всушност значи да го решите нивниот проблем, тоа е на крајот на денот да им се зголеми продажбата.

Гледаме да им сме секогаш на располагање, да имаме континуирана комуникација и заеднички да ги наоѓаме решенијата за успешна промоција.

Nova Solutions 5

Читај бе: Стручноста која ја има вашиот тим е несомнена. Неодамна несебично го пренесовте знаењето и на студентите од Економскиот факултет во Прилеп…

Предраг: Оваа година решивме повеќе да се активираме во однос на едукација на младите студенти. Ова е всушност само продолжение на она што го направивме пред 5 години кога пак по прв пат во Битола направивме предавања од областа на дигиталниот маркетинг.

Она што видовме од реализираните интервјуа за работа во нашата компанија е дека младите немаат баш најјасна слика за тоа што е дигитален маркетинг. Тоа не поттикна да токму оваа година ја посветиме на едукација на младите по пат на гостинските предавања на факултетите кои што се поврзани со нашата дејност.

Она што нé радува е дека студентите се волни да учат, да се вклучуваат во дискусијата, а предавањата што ги одржавме наидоа на позитивна реакција на самите студенти и на нивно барање наесен ќе одржиме уште неколку гостински предавања.

Nova Solutions

Читај бе: Дали компаниите веќе почнаа да ја препознаваат моќта на социјалните мрежи, брендингот, промовирањето на интернет и на што треба уште да се работи?

Предраг: Како што спомнав, да, компаниите се дефинитивно свесни за моќта на социјалните мрежи, но дефинитивно треба и со нив да се поработи на едукација и наскоро ќе имаме и еден мал серијал на предавања наменети баш за малите компании.

Она што е интересно барем за нашиот пазар е дека компаниите со задоцнување ги прифаќаат социјалните медиуми како маркетинг алатка. Требаше да се случи КОВИД кризата за да видат дека социјалните мрежи се моќен медиум и сите сакаат да имаат Фејсбук страница.

Но во меѓувреме Фејсбук не е „must have“ туку тоа стана Инстаграм. Исто така имаме и Тик-Ток како нова социјална мрежа која е многу интересна за компаниите, но истите за жал не ја користат.

Битно е работите да почнат да се поместуваат од мртва точка, но и дека компаниите се свесни за битноста на социјалните мрежи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…