Двете институции, Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола и Ротари Клуб Битола „Широк Сокак“ денеска потпишаа меморандум за соработка на кој начелно се поставени начините и условите за спроведување на соработката.
Меморандумот го потпишаа директорот на библиотеката, м-р Бојан Стефановски и претседателот на Ротари Клуб Битола „Широк Сокак“ Владимир Христовски.
На оваа средба претставниците од Ротари Клуб Битола „Широк Сокак“ Владимир Христовски и Моника Марковска беа запознаени со проблемите и со новитетите во библиотеката, а се разговараше и за идни заеднички проекти.