Sovremeni dijalozi 12 2023 korica page 0001

И оваа година, списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ во издание на Македонското научно друштво – Битола продолжува со својата мисија да ја промовира и да ја развива книжевноста и во национални и во светски рамки со објавување на значајни македонски писатели, поети и научници, но и на реномирани странски автори преведени или препеани на македонски јазик.

На тој начин, освен што македонската читателска публика се запознава со најновите случувања на полето на книжевноста, се промовира и македонскиот јазик и култура насекаде низ светот. „Современи дијалози“ бр. 12 за  2023 година содржи прилози од вкупно 67 автори од кои 59 книжевници и 8 ликовни уметници од земјата и од странство.

Во веќе препознатливите рубрики читателите ќе можат да прочитаат поезија од македонските книжевници Златко Жоглев, Јосип Коцев, Весна Мундишевска-Велјановска, Кире Неделковски, Силвана Нешковска, Борче Панов, Милица Радевска, Пијан Славеј, Гордана Стојаноска и Адем Џеладини; проза од Даниела Андоновска-Трајковска, Петре Димовски, Елизабета Јончиќ, Јордан Коцевски и Добре Тодоровски; критички согледби од Анита Ангелевска, Аниса Сабуи од Тунис, Мито Спасевски, Билјана Т. Димко и Васил Тоциновски; превод со анализа од Зора Русомарова и поезија од 37 странски реномирани поети од 27 земји од светот (Либан, Бразил, САД, Словачка, Португалија, Германија, Шпанија, Полска, Хондурас, Индија, Австрија, Алжир, Словачка, Албанија, Италија, Перу, Хрватска, Аргентина, Данска, Тунис, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кина, Гватемала, Саудиска Арабија, Украина и Србија). Корицата ја дизајнираше Весна Мундишевска-Велјановска со слика од проф. д-р Бурхан Ахмети, а објавени се уште 7 уметници од С. Македонија, Косово, Азербејџан и Германија како најава за секоја рубрика. Главен уредник на списанието е проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, а во редакцијата се и Весна Мундишевска-Велјановска, проф. д-р Силвана Нешковска, доц. д-р Анита Ангеловска со помош на меѓународниот уредувачки одбор: проф. д-р Звонко Танески (Словачка), Раед Анис Ал-Јиши (Саудиска Арабија), м-р Жарко Милениќ (Русија/ Босна и Херцеговина), проф. д-р Тсемин Итион Тсаи (Тајван, Република Кина), проф. д-р Том Филипс (Велика Британија), проф. д-р Михо Нонака (САД), Искра Пенева (Србија), проф. д-р Су Џен Лин (Тајван, Република Кина) и Жермен Дрогенброт (Белгија/ Шпанија). Овој број на „Современи дијалози“ е помогнат и со преводите и препевите на Стенли Баркан, академик Ристо Василевски, Борче Панов, Звонко Димоски, Светлана Ишенко, Шалини Јадав, Абдел Кадер, Марта Кондратјук, Олга Лалиќ Кровицка, Стела Маја Босилковска, Анита Рог-Биндач и други. Списанието е финансирано од Министерството за култура на Р. С. Македонија, а е достапно на веб-страницата на Македонското научно друштво-Битола на следниов линк https://mnd-bitola.mk/tag/sovremeni-dijalozi/.  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…