Утре, 18 април, КК Пелистер му гостува на Феникс 2010 во рамките на првото суперлигашко коло.

„Во овој период најважно е да бидеме и да останеме здрави. Цела сезона мака мачиме да се комплетираме и сега добро е што тренираме комплетни. Играме во добар ритам, напорно работиме на тренинзите и со оптимизам влегуваме во Суперлигата. Феникс 2010 е екипа која веќе еднаш нè победи и треба да внимаваме. На тој дуел во Скопје ни недостигаа неколку играчи и тренерот и сега верувам дека ќе можеме да покажеме многу повеќе. Имаме серија на натпревари во кои убеден сум дека ќе го покажеме нашиот квалитет“, истакна Стојан Ѓуровски, кошаркар на КК Пелистер.

Натпреварот се игра во салата „Јане Сандански“ во Скопје со почеток од 20 часот.
Шипка – есенската црвена витаминска бомба
Со доаѓањето на есента, по ридовите и планините се појавува црвениот плод …
Какви деца воспитуваме?
Книжарница. Влегува мајка со малечко девојче. Мајката дотерана, по сите прописи, со …









