IMG e1023cb8f2fbe0c82bdfbe14bcbd1b68 V e1781166717480

На 20 јуни 2026 година во Битола ќе биде претставена платформата „Жена во движење“ – иницијатива посветена на жените, нивното здравје, движење, личен развој, ментална издржливост и меѓусебна поддршка. Настанот е дел од женската ноќна трка „Биди Своја“, но ќе се одржи во текот на денот, поточно во сабота на пладне (12:00 часот) во Хотел Бела Куќа и ќе ги собере жените кои сакаат да се информираат, инспирираат и поврзат преку теми што се важни за секојдневниот живот.

IMG 763d7391ff2c4246e88dbfd1c6c13fc9 V

Имено, платформата „Жена во движење“ под мотото „Движи се. Расти. Блескај.“ ја испраќа пораката дека секој чекор е движење кон себе, кон подобро здравје, поголема самодоверба, внатрешна сила и поавтентичен живот. Идејата на „Жена во движење“ е да создаде простор во кој жените од различни генерации, професии и животни приказни ќе можат да се сретнат, да разменат искуства и да најдат поддршка во заедница што ги разбира нивните предизвици.

IMG 829054f6b44b36e369b6c408c8d17eea V

Преку разговори за женското здравје, физичката активност, менталната стабилност, личниот раст и важноста на поддршката, настанот има цел да ја отвори темата за жената како личност која постојано се движи низ различни улоги – мајка, партнерка, професионалка, претприемачка, спортистка, креаторка, негувателка и лидерка.

На настанот ќе говорат жени коишто имаат што да споделат, а тоа се:·         

  • Сунчица Арсовска – претприемачка, спортистка и иницијаторка на платформата „Жена во движење“·         
  • Д-р Виолета Николов – специјалист гинеколог·         
  • Маја Атанасовска – фитнес тренер и организаторка на женската трка „Биди своја“·        
  • Биљана Атанасовска – психолог

Настанот е наменет за сите жени – жени во период на промена, жени кои ја обновуваат самодовербата, активни и професионални жени, жени кои се враќаат кон себе, како и жени кои бараат поздрав, посвесен и побалансиран начин на живот.

Пораката е едноставна: ниту една жена не треба да се движи сама.„Жена во движење“ не е замислена само како еднократен настан, туку како платформа за долгорочно поврзување и развој. Таа е создадена од реални животни искуства, автентични приказни и потребата жените да имаат простор каде што ќе бидат видени, слушнати и охрабрени. Во фокусот не е совршенството, туку реалната жена – онаа што се соочува со предизвици, бара баланс, продолжува напред и повторно ја гради својата сила.

Платформата го разбира движењето во најширока смисла: како физичка активност, но и како промена, раст, работа на себе, надминување на тешкотии и градење нови можности. Трчање, пешачење, искачување, создавање, паѓање и повторно станување – сите овие моменти се дел од животното движење кое ја инспирира оваа иницијатива.

Платформата се фокусира на:·         

  • движење и активен начин на живот;·         
  • грижа за физичкото и женското здравје;·         
  • ментална издржливост и психолошка поддршка;·         личен развој и самодоверба;·         
  • едукација и инспирација;·         
  • видливост на реални женски приказни;·         
  • заедништво и долгорочно градење на женска заедница.

„Жена во движење“ во иднина  ќе обликуваа и ќе се развива преку настани, панели, работилници, активности поврзани со движење, storytelling искуства, дигитални кампањи, едукативни содржини, партнерства и иницијативи што ќе придонесат за долгорочно градење на заедница. Визијата е преку заеднички раст да се создаде влијание кое ќе ги охрабри жените да живеат поактивно, посвесно и послободно.„Жена во движење“ е покана за будење на силата, создавање на поврзаност и градење на здрава, свесна и инспирирана заедница на жени. Движењето менува сè, а секое движење започнува со еден чекор.

Настан: „Жена во движење“
Датум: 20.06.2026
Време: 12:00 часот
Локација: Хотел Бела Куќа, Битола
Мото: Движи се. Расти. Блескај. Во тебе е клучот!

Линк за пријаваhttps://dekonus.com/zhena-vo-dvizhenje/#prijava

Кога лојалноста преминува во слугување по секоја цена, тогаш нема ни Л од лојалност
Лојалноста е важна компонента на секој бизнис. Не само што ви требаат …
Негативното влијание на екраните врз здравјето на децата – како влијае врз нивниот сон
Технологијата денес е подостапна за децата од кога било досега. Нема дом …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…