Пелистер Волеј иако стартуваше во плеј-аут серијата како прво пласирана екипа, сепак со 2 победи и 4 порази не успеа да се пласира на 1 или 2 позиција, односно 5 или 6 место во конечната разврска.

„Четирите екипи ги делеа нијанси, по некој сет, па на моменти решаваа и поени, а Пелистер Волеј можи да жали за неколку натпревари, но натпреварот во салата Борио Чурлевски кога против екипата на Универзитет Тетово прокоцкавме шанса во петтиот сет и водство од 10:03, тоа е натпревар што има голема тежина и сет што дефинитивно не чини бараж“, велат од пелистер волеј.

Пелистер Волеј е во бараж за опстанок и ја чека разврската од натпреварите во втора лига, односно второпласираната екипа со која ќе вкрстиме во двомеч (гости-дома), а подобриот останува во најдобрите 8.

Деталните анализите ќе следат дури потоа, без разлика на конечниот исход, а секако посакувана цел бескомпромисно е останување во елитата. Второлигашите имаат уште доста за играње, со конечна разврска на 2 Мај, а ние имаме доволно време за одмор и дополнителни подготовки за претстојниот бараж двомеч кој ќе се игра на 9 односно 12 Мај“, велат од Пелистер Волеј.

пелистер волеј
facebook OK Pelister Volej

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…