Во рамките на програмските активности на Амбасадата насочени кон промоција на македонската културна баштина, се одржа работна средба на амбасадорот Данчо Марковски со директорката на НУ Завод и Музеј Битола, д-р Мери Стојановска.

тирана

Тематски средбата беше посветена на можностите за организирање на изложби од фундусот на битолскиот музеј пред албанската јавност. Беше постигната заедничка согласност во текот на следните месеци да биде организирана неколку изложбени поставки во КИЦ во Тирана, Драч и Берат, со оглед на мобилноста на експонатите. Амбасадорот ја истакна улогата на битолскиот музеј во заокружувањето на активностите околу спомен куќата на писателот со македонско потекло Стерио Спасе во с. Глобочани, Пустец, што предизвика задоволство меѓу припадниците на Македонското национално малцинство во Албанија.

Глобочани
Глобочани

Разговорот беше искористен и за меѓусебно информирање околу проектот SMART-CUL-TOUR кофинансиран од страна на Европската Унија, кој е во рамките на ИПА програмата за преку гранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија, 2014-2020, чија цел е поттикнување на туризмот, заштита на културното и природното наследство, и обезбедување балансиран и одржлив социо-економски развој на преку граничните региони на Битола и Корча.

корча албанија
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…