353592004 268901725626745 309987359016825386 n

Вчера заврши Пијано Фест 2023 кој се одржа во организација на Здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО од Битола, основано од Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска. Фестивалот се одржа во соработка со Културно Информативниот центар – Битола и поддржувачот на натпреварот, Државното музичко училиште од Битола.

353443760 268901778960073 4395989044184905762 n

Натпреварувачите оваа година ги оценуваа меѓународно жири во состав: Маргарита Вујовиќ (Србија/Русија), Мирела Туше Вонгли (Албанија) и Катерина Кетковиќ Фидановска – во категориите за пијано.

353599218 268901755626742 5723312503825466176 n

На ова петто издание за прв пат е додадена нова натпреварувачка категорија, соло пеење, кое беше следено и оценето од: Анастасија Холц (Србија), Маја Митровска (Македонија) и Александра Коцевска (Македонија).

353633921 268901685626749 5586813446688426406 n

„Благодарност до сите талентирани учесници од Македонија, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Полска, Ерменија и Бугарија, како и до нивните професори и родители, кои што со своето присуство ни го направија натпреварот одличен и го раздвижија нашиот град, воодушевувајќи се на неговата убавина.

За Лауреат на Пијанофест 2023 е прогласен Jurgen Alia ( Албанија) кој што добива финансиска награда и концерт на следниот Пијанофест 2024, награда The most perspective artist беше доделена на Саманта Шпата, родена 2012 год., награда за најдобро изведено македонско дело доделена беше на Јана Блажеска ( соло пеење) и награда Лауреат во дисциплината соло пеење доделена на Јана Блажевска која добива парична награда.

Како организатори, презадоволни сме од реализацијата на настанот кој што се одржа со несебична поддршка од Министерството за култура, Општина Битола, КИЦ – Офицерски Дом – Битола и Државно Музичко Училиште – Битола. Битола уште еднаш покажа дека со право го носи епитетот ГРАД НА КЛАВИРИ“, велат организаторите на Пијано фест.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…