Со настап на Оливие Самуилан од Франција и Сашо Поповски квартет од Македонија на сцената во Битолскиот народен театар, се затвори 5.јубилејно издание на „Џез фактори фестивалот“, кое оваа година беше дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ.

џез 2

Сашо Поповски настапи заедно со Кирил Кузманов на алт саксофон и флејта, Иван Бејков на контрабас и Виктор Филиповски на тапани. Поповски е неуморниот борец за покултурна македонска музичка сцена и еден од нашите најактивни претставници надвор од земјата. Квартетот е составен од докажани имиња на македонската џез сцена.

џез 3

Покрај нив, настапија и FANFARA STATION од Италија, а беше доделена и наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар за 2021 година на Александар Бошков.

џез 4

Џез Фабрика Фестивал – Битола, кој се реализира со поддршка од општина Битола, е единствен етаблиран меѓународен џез фестивал на територијата на Општина Битола кој ја негува современата и прогресивна музичка мисла со главен фокус на домашните и регионални артисти, стожер во креирањето на современата Македонска музичка сцена, преку културна децентрализација, меѓународна промоција на домашни артисти, партнерство во европски мрежи, промотор на социјални и општествени промени.

За најтешките моменти во животот…
Еден ангел му се обратил на човекот: – Сакаш да ти го …
Киселата краставичка – тајниот сојузник за здравје
Киселата краставичка е традиционален дел од многу македонски трпези, особено во зимскиот …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…

Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…