Победнички викенд за заокружување на оваа сезона за АК Олимп со досега најдобриот екипен пласман на оваа нова златна генерација на битолски атлетичари. Името на Атлетскиот клуб ОЛИМП од Битола се слушна безброј пати при церемонијата на доделување медали на Националното првенство за сениори – ки на Македонија, кое викендов се одржа на Националната арена Тодор Проески – Скопје во организација на Атлетска Федерација на Македонија.

290614664 1286645132153119 3921005594504162062 n

* Зоран Димовски, второ место во генерален пласман во фрлање ѓуле, со резултат 11.05 метри при што е важно да се каже дека ова е негов камбек во атлетиката, во сега возобновениот наш клуб, во кој Зоран тренираше додека тој егзистираше. Така што неговото активирање и овој негов подвиг за клубот се од огромна важност.

* Јана Стефановска, второ место на 800 метри, со нов личен рекорд и време 2.39 минути и второ место на 1.500 метри, со резултат 5.50 минути

* Христијан Котевски, трето место на 200 метри, со резултат 23.55 секунди и четврто место на 100 метри, со резултат 11.81 секунди * Наталија Чона, второ место на 100 метри, со резултат 13.22 секунди и четврто место на 200 метри, со нов личен рекорд и резултат 27.61 секунди

* Стефанија Лазарева, истрча две одлични трки и постави свои најдобри времиња и тоа: на 100 метри, постигна време од 15.35 и на 200 метри постигна време од 30.67 секунди

Ова е голем подвиг за битолската атлетика, а фотографиите со еден од нивните тренери, Вера Вељановска која ги придружуваше на натпреварите се преубав спомен за историјата. Оваа победничка екипа тренира под палката на двоецот Демир Даутовски и Вера Вељановска, кои имаат голема заслуга за враќањето на атлетиката во Битола на голема врата и јакнење на АК ОЛИМП од неговото возобновување.

meblo trejd popust 2
290639838 476588387801818 4821187954288938747 n
292495541 779676086540275 102094210010313193 n
Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот
Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да ти плачи. Колкупати ги …
Шејмус Мекгарви: Моќта која ја носи кинематограферот на сет, може да ги направи нештата спектакуларни
Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300" за особен придонес …

Претплатете се за новости

You May Also Like

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…

Четвртото издание на „Трчај бе“ низ објективот на Саше Богоевски

Со учество на 1400 атлетичари од 12 земји од светот, денес во…