Со доделување на наградите за најдобрите учесници пред платото на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ во Старата битолска чаршија, денеска заврши 41 издание на Малиот битолски монмартр.
„Конечно после 2 години градот беше исполнет со деца, ова издание, 41-во на МБМ беше прекрасно, имавме 80 гости, 60 деца кои секој ден сликаа низ улиците на Битола, атмосферата беше прекрасна, бевме и во селото Буково и Охрид. Жирирањето беше вчера, а направени беа околу 200 слики“, вели Елена Хаџи Антоновска, Мал Битолски Монмартр.