На четири сцени, во седум денови се одиграа триенаесет монодрами од единаесет земји од светот избрани од селекторот, актерот Петар Мирчевски, а под покровителство на Министерството за култура. Ова е фестивал во организација на Центарот за култура од Битола секоја година, повторно и повторно открива дека само еден актер сам на сцена носи сѐ. Стручното жири во состав Бедиа Бегеовска-актерка, Владимир Милчин-режисер и Сашо Димоски-драмски писател ги соопшти наградите на церемонијата која означи крај на фестивалот.

280665393 3170771066572475 1933809523395233168 n

Награда за најдобра режија доби режисерот Иван Лео Лемо за претставата „Вла Вла Влавајланд“, продукција на Театар „Морузгва“, Загреб, Р. Хрватска, во изведба на Еција Ојданиќ. Наградата за најдобро актерско остварување ја доби Каролин Брнс Кук од Велика Британија за улогата во претставата „А јажето сè уште ѝ е врзано околу стапалата“, по текст на Каролин Брнс Кук, во режија на Колин Ваткис. Grand prix на фестивалот доби монодрамата “Едит Пјаф“, на театар „Годо“ од Букурешт, Романија, драматизација на „Тркало на среќата“ од Едит Пјаф и „Едит Пјаф“ од Симон Берто, на режисерката и актерка Дениза Абабеи. Фестивалот има востановено и Наградата од публиката, која се доделува врз основа на оценките кои таа ги давала после секоја претстава. Оваа награда ја доделува традиционално Општина Битола, а годинава ѝ припадна на монодрамата “Помеѓу” на авторот и актер Ибрахим Миари со најголем број на гласови од публиката. Во чест на победниците, гостуваше Драмски театар од Скопје со претставата „СТРАНЦИ“.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…