На 8 Март – Денот на жената, официјално започнува пријавувањето за четвртото издание на женската атлетска трка „Биди Своја“, која годинава ќе се одржи на 20 јуни во Битола.

Сите заинтересирани учеснички ќе можат да се пријават со 15% попуст во текот на целиот месец март, како симболична честитка и поддршка за женската сила, храброст и истрајност.

Од своето прво издание во 2022 година, трката „Биди Своја“ покажа и докажа дека знае да ја мотивира секоја жена – без разлика на нејзината возраст, професија, физичка подготвеност или животна приказна. Оваа трка одамна е повеќе од спортски настан – таа е простор каде жените се охрабруваат, се поддржуваат и ја слават сопствената сила.


Секоја година, учесничките не само што ја трчаат патеката, туку инспирираат и нова армија жени да направат чекор повеќе – кон себе, кон здравјето и кон самодовербата.
Затоа што не е важна брзината – важна е енергијата.
И затоа што заедно трчаме посилно.
📅 20 јуни
🎟 Пријавување со 15% попуст до 31 март
💻 Пријава на: trki.mk
Биди Своја. Трчај со нас.








