sara kolumna zeni

Пишува: Сара Танаскоска

Низ историјата женското тело поминало низ многу фази на промени. Било мерка за морал, чест, срам, убавина, послушност. Било стегнато и покривано со корсети и долги фустани, разголувано без дозвола потоа осудувано и кога е премногу и кога е премалку. Накратко, женското тело било нечие туѓо платно за туѓи правила.

Ден-денес жената важи за „понежниот пол“. Упорно, ни велат дека ние треба да бидеме кротки, мирни, да не бараме многу, да не зборуваме гласно, да не заземаме простор. Да слушаме што ќе каже општеството, што ќе кажат, соседите, традицијата, коментарите под фотографии. Да бидеме убави, но не премногу. Паметни, но не заканувачки. Силни, ама тивко.

А никој не кажува колку сила тоа „понежно тело“ со векови издржува. Никој не зборува за солзите, за моќта на жената која секој месец крвари, која носи нов живот на овој свет, трпи погледи и осудувања, ама сепак станува горда на себе секое утро и продолжува со борбата која за жал нема крај.

Женското тело не го добило епитетот понежно затоа што е слабо. Нежно е затоа што научило да биде внимателно во свет што ретко е таков кон него. Но тоа тело знае и да се спротивстави. Знае да застане исправено кога ќе му речат да се смали. Знае да зборува кога ќе му кажат да молчи. Ние не сме создадени да бидеме тивки декорации во туѓи животи. Не сме тука да се вклопиме во калапи што одамна ни се тесни. Жената не треба да биде помалку за да биде прифатена. Треба да биде своја.

И можеби најголемата заблуда е што мислат дека ние чекаме дозвола. Дека чекаме некој да ни каже дека е време да зборуваме. А ние одамна зборуваме. Со телото. Со изборите. Со одбивањето да бидеме тоа што не сме. Ова не е бунт против нежноста. Ова е бунт против тишината што ни ја наметнаа.

Можеби е време да престанеме да ја нарекуваме „понежен пол“. Не затоа што нежноста е слабост, туку затоа што жената е многу повеќе од една придавка. Таа е глас, тело, избор, отпор. И конечно – сопствена приказна.

Не се спуштај на туѓото ниво
Бидeте позитивни кога негативноста ве опкружува. Насмевнете се кога другите сакаат да …
13 награди од УНЕСКО за учениците од ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ – Битола и посебно признание за студиото
Од Светскиот младински уметнички институт – Центар за УНЕСКО, со седиште во …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…