bitolino

Театарот го менува светот – под ова мото од 3 до 7 август во НУ Центар за култура – Битола ќе се одржи 14. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“. Фестивалот и оваа година нуди богата програма со претстави од земјата и странство, насочени кон најмладата публика.

Во текот на пет фестивалски денови, на двете сцени во Центарот за култура ќе бидат изведени десет театарски претстави. Шест од нив се во рамките на официјалната натпреварувачка програма, во која ќе се борат за Гран-при наградата за најдобра претстава во целина. Годинава на „Битолино“ ќе настапат театри од Грузија, Унгарија, Хрватска, Бугарија, Албанија и Македонија. Меѓу нив се националните установи „Нодар Думбадзе“ од Грузија и „Пиро Ќеци“ од Албанија, како и признатите независни продукции „Колибри“ од Унгарија и „Мала сцена“ од Хрватска. Публиката ќе има можност да проследи и јапонски куклен театар по методот на Такеда, што го носи куклениот театар „Сенџу“ од Бугарија. За прв пат на фестивалот учествува и Театарот „Сенки и облаци“ од Скопје.

Покрај главната програма, „Битолино“ оваа година подготви и богата придружна програма. Бидејќи Драмскиот аматерски фестивал во Кочани е оправдано одложен, организаторите одлучија да ја отстапат својата сцена на домашни аматерски театри и театарски школи. Така, дел од програмата ќе бидат Театар Чекори од Скопје и Театарот при ЈОУ Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци. Фестивалот ќе го отвори и затвори Театарската школа „Бабец“ со претставите „Зборови“ и „Аудиција“, а со младинската постановка на „Аудиција“ по текст на Александар Галин, Бабец театар ќе го одбележи и својот 15-годишен јубилеј.

Во рамки на фестивалските активности ќе се одржи и дводневна театарска работилница за куклен театар под наслов „Светот на куклите“, која ќе ја води бугарската режисерка и актерка Ефимиа Павлова, директорка на Државниот куклен театар во Сливен. Таа воедно ќе биде претседателка на фестивалското жири, кое оваа година ќе го сочинуваат и македонските актери Тони Наумовски и Мартина Тапарчевска, познати по своите меѓународни театарски, филмски и телевизиски кариери.

„Нашите сцени се место каде што детската насмевка, фантазијата и искрените емоции се во центарот на вниманието. Преку театарот ние не само што раскажуваме приказни, туку и ги воспитуваме идните генерации – во духот на емпатија, разбирање и љубов кон уметноста. Срдечно им се заблагодарувам на сите театари од целиот свет кои изразија интерес да учествуваат. А особено – на децата, нашата верна публика изминатите тринаесет години, кои се срцето на сè што правиме,“ изјави Филип Етмишовски, директор на Бабец театар и Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“.

Пчелите се најважните суштества на планетата без кои нема живот
Меѓународниот институт Earthwatch ги прогласи пчелите за најважни суштества на планетата Земја. …
Приказната на Љубљана – градот на мостовите и утринска магла
Пишува: Сара Танаскоска Секое утро во Љубљана е со ист ритам. Сончевата …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…