jazz 17.04 17

Со настапот на реномираниот француски џез пијанист Laurent Coulondre, синоќа во Народниот театар во Битола свечено беше отворено осмото издание на Џез Фактори фестивалот, кое годинава се одржува од 16 до 19 април.

„Изминатите години беа тешки, а и сега не е лесно – уметноста секогаш се соочува со предизвици. Но ние не се откажуваме, се бориме и ќе се избориме. По десеттото издание, кога ќе броиме двоцифрено, ќе ни биде уште полесно“, истакна на отворањето директорот и основач на фестивалот, проф. Сашо Поповски.

jazz 17.04 12

Минатата година фестивалот беше избран од престижна светска асоцијација од Шангај, Кина, како единствен претставник од Македонија, што дополнително го зацврсти неговиот углед.

jazz 17.04 13

Laurent Coulondre, познат по својот иновативен пристап, е добитник на бројни награди и соработувал со истакнати музичари како Paul Jackson и Pierre de Bethmann. По настапот, со воодушевување изјави:

jazz 17.04 14

„Навистина уживав. Публиката беше фантастична, енергична и жедна за добар звук. Тоа ме инспирираше. Фестивалот е одлична можност да се патува, да се слави музиката – вистински подарок е да се биде тука, да се почувствува љубовта кон џезот“.

По Coulondre, на сцената настапи американскиот бенд Working Class Heroes, предводен од мултиинструменталистот Corey Wilcox – долгогодишен член на Jazz at Lincoln Center Orchestra, со настапи на светски сцени како Carnegie Hall и Newport Jazz Festival.

jazz 17.04

Еден од членовите на бендот, Кристијан Џорџевиќ, рече:

„До поканата дојде преку долгогодишната соработка со Поповски, со кого често соработувам. Така го составивме овој бенд од луѓе со различно музичко искуство – токму затоа го носиме името Working Class Heroes“. Ваквите настани се одлична платформа за промоција и поврзување. Колку повеќе фестивали се вмрежат, толку поголем ќе биде интересот на јавноста. Нека музиката зборува – Let the music do the talking“.

jazz 17.04 2

Вечерната концертна програма започнува во 20:00 часот со настап на триото на пијанистот Jaume Miquel од Шпанија, кое претставува спој на традиционален и модерен џез. Од 21:00 часот следува настапот на Swantje Lampert, а од 22:00 часот, на сцената во пабот Бурбон Стрит ќе настапи квартетот на македонскиот џез пијанист Јован Цветковиќ, кој носи свеж, современ звук инспириран од класичниот џез.

Фотограф: Александар Георгиев

Не морате баш на сите да им се допаѓате – не трудете се да се вклопите секаде и со секого
Потребата постојано да сме во потрага по потврда од другите за она …
Ако треба да платите за нешто со вашиот мир, знајте дека е прескапо
Понекогаш најтешките рани не се раните што ни ги нанеле другите, понекогаш …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…