42. издание на Малиот битолски монмартр вечерва беше традиционално отворено со препознатливиот огномет на веќе познатотот место – на платото пред Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ во Старата битолска чаршија. Беа доделени и наградите, а беше врачена и наградата Гран при која отиде во рацете на екипата од Хонг Конг, Кина.
Над 120 млади ликовни уметници и ликовни педагози ќе учествуваат на 42-то издание на детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ од Кина, Индија, Романија, Полска, Словачка, Турција, Бугарија, Србија кои заедно со младите уметници од Макеоднија деновиве ќе творат низ битолските улици, но и во Охрид и во манастирот Свети Јован Бигорски.
Ќе биде отворена и 41-та Меѓународна ликовна изложба во годината кога Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ одбележува 55 години од неговото основање.
фото: Саше Богоевски