Основачите на Управниот одбор на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола, предводени од претседателката Елена Хаџи Антоновска, остварија средба со градоначалникот Тони Коњановски, претседателката на Советот Габриела Илиевска и заменик градоначалникот Бојан Бојковски, откако вчера овој Управен одбор донесе едногласна одлука со која се прифаќа финансиската поддршка за плата и трошоци до крајот на годината понудена од страна на Општина Битола.

монмартр 3 1

На состанокот беа разгледани актуелните состојби со Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј”, а градоначалникот ја потврди заложбата на општината дека до крајот на годината ќе бидат обезбедени средства,  со што ќе продолжи функционалноста на оваа институција.

монмартр 2

По објавата на „Апелот за спас на Малиот Битолски Монмартр“ на социјалните мрежи, во кој беше образложено дека Министерството за образование и наука ги укинува средствата наменети за оваа институција, општина Битола и Советот на општината застанаа зад делото на Коста Хаџи Антоновски, творецот на најголемата и најзначајна детска ликовна колонија кај нас и во светот, која 41 година е македонски бренд во светот.

монмартр

Со ребалансот на буџетот, до крајот на оваа година, ќе бидат одвоени средства за исплата на плата на едно лице (технички секретар), трошоците за струја и телефон,со што ќе продолжи функционалноста на оваа институција.

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј”, веќе 41 година е организатор на најстарата светска детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“, манифестација по која Битола е позната во светски рамки. 

Од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” велат:

„Ова е Одлука која не е трајно решение. Но е времено решение за кое сме благодарни затоа што не е со скриени намери и “симпатично – романтични” понуди. Ова е она што и треба да биде. Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола самостојно со својот бренд “Мал Битолски Монмартр”. Благодариме на Општина Битола (Градоначалник и Совет) за брзата реакција на нашиот апел. А сега нас ни следи време во кое мора да водиме битка за трајно решение.“

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

    Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

    По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…