Битолскиот академски сликар Димитар Солаковски е добитник на овогодинешната награда за ликовно дело „Златен лист – Владимир Георгиевски“, во чест на великанот на македонската ликовна уметност, Владимир Георгиевски. Наградата секоја година ја доделува Здружението Транзен, а годинава тоа се случи синоќа, на изложбата •Несовршен простор• која беше отворена во ликовниот центар Магаза во Битола.

Во име на жирито на годинешната награда, сликарот Владимир Илиевски го напиша следното за делото на Димитар Солаковски: “Делото „Детето на Белото Море“ е една прилично смела, директна и специфичнo решена композиција, која истовремено носи тивка суптилна поетска приказна. Толку интимно, а сепак универзално, затоа што колку подлабоко патуваме низ привидните суштини на поединечните форми, гледаме дека на крај сите завршуваат во една суштина. Тука е прикажан моментот на вечноста. Запомнетото што избледува, а не се заборава.”

На годинешната изложба на темата „Траги во просторот“ учествуваат петнаесет уметници: Димитар Солаковски, Илија Маџаров, Тони Попов, Александра Петрушевска Ристовска, Марија Трајаноска, Никола Пијанманов, Ване Костуранов, Љупка Галазка Василев, Славица Милева, Дејан Иванов Маргуш, Орце Нинески, Љубица Мешкова Солак, Ѓорги Динев, Горан Јованов и Верица Арапова.

280263386 539219207907156 5963979088069227810 n
За сите разочарувања кои нé отрезниле…
Сакам разочарувања. Зошто? Затоа што тоа е моментот на отрезнување. Моментот кога …
„Да ја вратиме љубовта кон читањето“ – проект на Пелагонските културно-научни средби
Учениците од четврто одделеное од ООУ „Коле Канински“- Битола со нивните одделенски …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…