битола офицерски 1

Денеска во КИЦ Битола на ќе се одбележи Денот на жената 8 Март со конференција на жените од Израел од организацијата „ Wekibutz – Netaim. “. Конференцијата е со наслов „Од Естер до Естер, за храброста на жените “. Имено, првата Естер е еврејска кралица од персискиот период од пред 2000 г, а втората Естер, е Естерја Овадија Мара, еврејка и партизанка од Битола, која загина 1944 г. и е призната за народен херој.

На конференцијата ќе учествуваат голем број делегации од Израел со преку 140 делегати/учесници. Помеѓу нив и Г-ѓа Мирјам Перетз која беше кандидат за Претседател на Израел, градоначалници од ja Бат Ури Бускила (Bat Uri Buskila) и од регионални општини во Израел Офир Липштаин (Ofir Lipstein). Истотака присутна ќе биде и Генералниот директор Шири Мадар (Shiri Madar), како и Претседателот на здружението за културното наследство на Евреите од Битола, во Израел Др. Шели Леви Друмер, Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и бројни гости. На конференцијата со своја делегација ќе бидат присутни и специјална екипа на фотографери од лица со посебни потреби од организацијата „Келим Шлувим“.

Конференцијата е поддржана од Еврејската организација „Histadrut zionit”, како и од Министерството за социјала на државата Израел. По рамките на програмата на конференцијата , вечерва во Свечената сала на Офицерски дом во КИЦ Битола ќе се оддржи концерт на познати пеачи од Израел; Шаи Аврамсон,Сара Ароести – ладино пеачка од САД, Хелена Суша – Скопје, Македонија.

евреи

Оваа година на 11.03.2023 се одбележуваат осумдесет години (80) од депортацијата на 7144 евреи од Македонија во Треблинка. Како и минатите години така и оваа година во сеќавање на жртвите ќе се одржи манифестацијата „Маршот на живите“ во Битола и Штип.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…