Денеска беше отворен Ромскиот здравствен образовен центар во Битола, кој е прв во Македонија и е во рамките на стратешкото партнерство „Roma HEALTH Care I“ (2017-1-DE02-KA204-004216).

MVI 4521.MOV.00 00 09 07.Still001

Во подготовката на овој центар, направени се претходни истражувања кај ромското население кои покажале поразувачки податоци кога се работи за нивното здравје. Затоа ќе имаат голем број активности и едукација во соработка со здравствените установи, но и приватни ординации.

MVI 4502.MOV.00 00 00 00.Still001

-Над 80% од населението не знаат дека ПАП тестот можат да го користат бесплатно, не знаат дека жените треба да одат барем еднаш на 6 месеци да ги проверат градите, ќе работиме вакцинирање со повозрасната група, активности кои сметаме дека се во интерес на подобрување на здравјето на Ромите, изјави Фатма Бајрам Аземовска, претседател на Сумнал кои се имплементатор на проектот.

MVI 4503.MOV.00 00 07 14.Still001

Здравствен медијатор ќе биде Мелиса Комина чија идна определба е медицината. Таа заврши средно медицинско училиште, а сега се запиша и на Високата медицинска школа во Битола. Токму своето знаење и желба да и помогне на ромската заедница, но и да биде пример, ќе го реализира како здравствен медијатор во Ромскиот здравствен образовен центар во Битола, прв во Македонија. Таа помина обука во Унгарија и е меѓу првите едуцирани ромски здравствени медијатори во Европа.

meblo trejd cesmi во боја
Sequence 01.00 00 23 17.Still001

-Јас ќе посредувам меѓу ромската заедница и помеѓу болниците за да се подобри здравјето на Ромите бидејќи се маргинализирана група. Се определив за медицината бидејќи преку неа може да доприме до поголем број луѓе, а и на Ромите им треба таква помош, вели Мелиса.

MVI 4507.MOV.00 00 04 22.Still001

Проектот е финансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата, во партнерство со Општина Битола.

MVI 4515.MOV.00 00 37 15.Still001

За проектот:

Во својата резолуција од 12 февруари 2019 година, Европскиот парламент ги покажа дефицитите во спроведувањето на Националните стратегии за интеграција на Ромите и затоа побара посилна рамка на ЕУ по 2020 година. Без сомнение, има напредок во четирите централни полиња за интеграција на Ромите – образование, домување, вработување и здравство. Сепак, неограничената здравствена заштита на Ромите сè уште не е обезбедена.

MVI 4483.MOV.00 00 08 20.Still001

Во рамките на стратешкото партнерство „Roma HEALTH Care I“ (2017-1-DE02-KA204-004216), здравствената состојба на Ромите во земјите партнери беше комплексно истражена. Во дијалог со релевантните чинители на локално и регионално ниво, се разговараше за резултатите од ова истражување и беа избрани активностите кои можат да се покријат со поддршка на европски проекти и расположливите ресурси на лице место.

MVI 4484.MOV.00 00 08 08.Still001

Стратешкото партнерство „Roma HEALTH Care II“ е еден од проектите. Во основа, тоа има за цел подобрување на здравствената состојба на Ромите во земјите партнери. Меѓу другото, тоа особено ќе доведе до:

  • зголемување на бројот на Ромите кои добиваат здравствено осигурување;
  • подобрување на физичкото здравје и исхрана
  • зголемување на бројот на Роми кои ги користат достапните мерки за превенција од рак
  • подигнување на вакциналниот статус на возрасните Роми
  • намалување на бројот на зависници Роми, односно Роми на кои им се заканува зависност
  • намалување на бројот на несакани бремености и ризикот од венерични болести
  • подобрување на денталната хигиена.

За да се постигнат целите, во вклучените ромски заедници  се формираат Ромски здравствени образовни центри во кои соодветно обучените здравствени медијатори – самите Роми – ќе спроведуваат специфични мерки за образование на возрасни од целната група за подигнување на здравствената писменост. Обуката на здравствените медијатори се заснова на новоразвиена наставна програма. Специјално развиен Прирачник ќе им служи како придружна референтна книга. Здравствените локални акциски планови за Роми, усвоени од соодвртните општини се правната рамка за нивната работа.

MVI 4467.MOV.00 00 06 18.Still001

Во проектот Ромите не се само корисници туку и актери. Од една страна, тие се вклучени во елаборацијата на интелектуалните резултати, обучени како здравствени медијатори и мултипликатори, ќе ги спроведуваат и оценуваат тест-фазите и шират информации за проектот и неговите резултати. Од друга страна, тие ќе учествуваат во мерките за образование на возрасни за подигнување на нивната здравствена компетентност и самите ќе придонесат за подобрување на нивната здравствена состојба на овој начин.

MVI 4485.MOV.00 00 02 12.Still001

Така, проектот конкретно ќе помогне да се остварат барањата формулирани во резолуцијата на Европскиот парламент. Ова е особено валидно за:

  • неограничената медицинска/здравствена заштита и
  • активно вклучување на Ромите и ромските заедници во развојот, спроведувањето и евалуацијата на мерките и проектите за оваа целна група.

Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“  и општина Битола се партнери во проектот.

Утврдената потреба од Акциска група на заедницата во рамки на #RОМАCТЕD II, реализирана преку Еразмус плус програмата. Ваквата синергија помеѓу заедничката програма на Европската унија и Совет на Европа # РОМАКТЕД II и Еразмус плус програмата финансирана од Европската комисија даде конкретен резултат во насока на подобрување на здравјето на Ромите како маргинализирана група.

    (ВИДЕО) Велигден во храмот „Свети Димитриј Великомаченик“ во Битола
    Христос Воскресе! Навистина Воскресе!Со овој радосен поздрав, точно на полноќ, храмот „Св. …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

    Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

    По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…