prespa 10

Во рамките на проектот „Магијата на Преспа“, изминатиот викенд беа реализирани две значајни активности кои ги поврзаа инклузијата, рекреацијата, традицијата и креативноста.

На 7 ноември беше организиран промотивен настан на кој беа презентирани пет видови адаптивни велосипеди наменети за лица со различни видови попреченост. Воедно, беше промовирана и услугата „Рент-адаптив-вело“, со која ќе раководат претставниците на Здружението „Иднина на традицијата“ од Ресен. Услугата ќе овозможи полесен пристап до адаптирани и стандардни велосипеди, како и нивно изнајмување, и ќе придонесе кон развој на подостапен и поинклузивен велосипедски туризам во Преспа.

Во рамките на настанот, учесниците имаа можност да учествуваат во тест-возење на релацијата Долно Дупени – Љубојно, при што непосредно се запознаа со можностите, удобноста и функционалноста на адаптивните велосипеди. Преку оваа активност беше испратена јасна порака дека природните убавини, рекреативните содржини и туристичките атракции треба да бидат достапни за сите, без исклучок.

На 8 ноември се одржа едукативно-креативната работилница „Духот на традицијата“, на која учествуваа 13 ученици од основните училишта во Ресен. Учесниците се запознаа со традиционалните и современите занаети, а посебно внимание беше посветено на старото занаетчиско умеење – бакрорезот.

„Сите учесници со голем интерес и ентузијазам изработуваа магнети и уметнички творби од бакар со различни мотиви. Особено ме радуваат нивната креативност, љубопитност и желба да научат нешто ново, но и интересот повторно да учествуваат на вакви работилници. Токму тоа ни дава мотивација да продолжиме да ги негуваме и пренесуваме занаетите кај младите генерации“, изјави Гордана Стојаноска, менторка на работилницата, долгогодишна чуварка на занаетот бакрорез и членка на Здружението „Иднина на традицијата“.

Во наредниот период следува уште една активност во рамките на проектот – работилница за арт-терапија, преку која учесниците ќе имаат можност, со помош на техники на дишење, дружење и креативен пристап, да го истражат слободното изразување и да се поврзат со природните убавини на Преспанскиот регион.

Што е амарант? Некогаш главна храна на Ацтеките, денес сè попопуларна житарка
Амарантот е растение кое потекнува од Централна Америка, а неговото одгледување датира …
Да се казнуваат децата или не –  да гледаме подалеку од ситуацијата
Родителство без казнување е утопија. Не затоа што децата не можат да …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…