Како дел од програмата на битолското културно лето, вчера во Битола започна Балкан гала фестивалот. На првата концертна вечер на рок симфонија во придружба на Камерниот оркестар на Битола, настапија Ристо Вртев – Архангел, Гиле – Електрични Оргазам, Михајло Трајковски – Сак, Петар Младеновски – Суперхикс, Ружица – Ареа и Жарко Јакимоски.

Вечерва, како дел од поп симфонијата, со почеток во 20.30 часот на ракометното игралиште настапуваат Ламбе Алабаковски, Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Александра Јанева и Виктор Апостоловски.

Балкан Гала ’22 е уникатен дводневен фестивал единствен на овие простори, кој го сочинуваат најпопуларните проекти на Камерниот Оркестар на Битола во комбинација со најдобрите домашни и најпознатите изведувачи од Балканот.

Двете концертни гала вечери се исполнети со многу гости, придружувани од Камерниот Оркестар на Битола составен од над 40 музичари. Овој фестивал е уникатна можност да ги слушнете вашите омилени песни и артисти во сосема нови симфониски аранжмани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…

Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…