teen 1718115 1280

Секој родител посакува да има паметно и воспитано дете. Прашањето е како да се постигне тоа? Она што е навистина интересно е тоа дека, додека ние возрасните мислиме дека децата до третата година ништо не разбираат и дека пред нив можеме да говориме  и правиме што сакаме – само се залажуваме. Првите три години се исклучително важни за начинот на адаптација на детето кон светот, а воведот на адаптација го прави семејството во кое е родено детето.

Децата имаат неверојатна брзина на учење, особено на копирање или имитирање на возрасните.

Во овој хаотичен век – здравото родителство е вистински луксуз. Но, децата брзо растат и за кус период, тие ќе нѐ одраснат – што е природно, затоа се создаваат спомени и сеќавања како нераскинлива врска меѓу родителите и децата.

Кој е начинот на воспитување на паметно дете? Па, не е неопходно да го запишете на скапи и често здодевни школи за мали генијалци.

Сѐ што треба да правиме е да им читаме на нашите деца. Дури и ако веќе и тие самите го совладале читањето.

Но, понекогаш и тие 15 минути одвоени за читање можат да бидат многу. Денешниве родители се растргнати во текот на денот – работните, домашните работи што е нормално.

Што се случува ако на своето дете му читате секој ден наглас:

  • Вашето дете ќе слушне голем број различни зборови –  се зголемува фондот на зборови кај детето што е неопходно за комуникацијата за во училиште.
  • Мозокот на детето расте, буквално – тоа се случува порадинеуронските врски во мозокот.
  • Му давате можност на вашето дете да стане љубител на книги – читањето е основата на учењето, децата кои имаат проблем со читање, имаат проблем и со учењето.
  • Однесувањето на детето се подобрува – така што го мотивирате да се концентрира и да го насочи вниманието, а тоа се вештини кои дефинитивно му се потребни за во училиште. Читањето наглас ја намалува агресијата кај детето.
  • Се зголемува нивото на емпатија – кога на своето дете му читате бајки, неговиот мозок го доживува целиот наратив, се соживува со ликовите на неуробиолошко ниво. Детето го запознавате со различни типови на луѓе и му давате можност да се постави во нивна позиција.

Можеби ви изгледа како нестварен метод, но обидете се, доволни се најмалку 15 минути во текот на денот да му читате на вашето дете – во секој случај исходот е позитивен, да, плодовите доаѓаат подоцна, но се вистинско богатство. 

meblo trejd duseci
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…