Како дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2022, вечерва со почеток во 21.00 часот во Офицерскиот дом во Битола, ќе се одржи настанот: „Џез вечер со Клод Болинг“, во изведба на труба и џез пијано трио, во состав: Стојанче Косовски-труба, Емилија Кабранова Филипова-пијано, Зоран Павлоски-контрабас, Филип Шурбевски-тапани.

Четворица академски музичари ќе изведуваат музика за труба, пијано, контрабас и тапани од композиторот Клод Болинг. Оваа музика е микс од класична и џез музика и е приемлива и интересна за секој слушател. Тоот свитата е едно од најзначајните дела во репертоарот за труба, каде трубачот свири на 5 различни труби.

Тоот свитата на Клод Болинг за трубач и џез пијано трио, напишана е специјално за францускиот виртуоз трубач Морис Андре кој премиерно ја извел во 1980 година и е важно дело во репертоарот за труба и е едно од најтешките за изведба.

Програма

1.Allègre (C Trumpet)
2.Mystique (E Flat Trumpet)
Garnerama-jazz piano trio
3.Rag-Polka (B Flat Cornet)
4.Marche (B Flat Piccolo Trumpet)
Jazz A la Francaise-jazz piano trio
5.Vespérale (B Flat Flugelhorn)
6.Spirituelle (B Flat Piccolo Trumpet)

Информација за Клод Болинг

Клод Болинг роден на 10 април 1930 година, е француски џез пијанист, композитор, аранжер и повремено извeдувач.

Роден е во Кан, студирал на Конзерваториумот на Ница, а потоа во Париз. Детски генијалец, на 14 години професионално свири џез пијано.

Тој има големи заслуги за  традиционалното заживување на џезот кон крајот на 1960-тите и се дружел со Оскар Петерсон. Пишува музика за 75 филмови, 44 музики за телевизиски серии, музика за биг бенд, 11 композиции во кросовер стил за пијано, флејта, виолончело, труба, виолина, гитара, саксофон кои се микс од популарна, џез, класична музика.

Болинг е исто така познат по серија соработки на „кросовер“ со класични музичари. Неговата свита за флејта и џез пијано трио со Жан-Пјер Рампал, мешавина од барокна елеганција со модерна нишка, е топ селер долги години, а потоа и другите дела во тој стил. Бил особено популарен во Соединетите држави, на врвот на хит-парадата две години по објавувањето и на најдобрите 40 на Билборд за 530 недели, приближно десет години.

После неговата работа со Рампал, Болинг продолжи да работи со многу други музичари, од различни жанрови, меѓу кои и гитаристот Александре Лагоја, виолинистот Пинчас Зукерман, трубачот Морис Андре и виолончелистот Јо-Јо Ма. Тој исто така работел и имал почит на многу други, вклучувајќи ги и Лионел Хемптон, војводата Елингтон, виолинистот Стефан Грапели, Џанго Рајнхард и Оскар Петерсон.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…

Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

10. издание на Фестивалот на електронска музика СМОТРА во Старата битолска чаршија

Во Старата битолска чаршија, синоќа се одржа јубилејното 10-то издание на Фестивалот…