По повод неделата на имунизација, во просториите на Ромскиот здравствен образовен центар во Битола на 24.04.2023 година се одржа дискусија на тема „Важноста на вакцините кај децата и повозрасната популација“.
Дискусијата ја водеше д-р Марија Димовска од ЈЗУ „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола во соработка со Центар за јавно здравје – Битола, Ротари клуб „Широк Сокак“ – Битола и Ротаракт клубот „Широк Сокак“ – Битола.
Исто така, присутен беше и претставник од Светската здравствена организација, кој ја поздрави нашата работа и ни посака успех во понатамошните активности.
По дискусијата, нашиот ромски здравствен медијатор, Мелиса Комина, заедно со тимот на ЈЗУ „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола се упатија на терен кадешто дополнително се вршеше информирање и вакцинирање на ромската заедница во Битола.
Активноста е поврзана со специфичните цели 1.1 и 1.4 од Локалниот здравствен акциски план за Роми кој е веќе усвоен од Општина Битола.