Вљубениците во театарот и почитувачите на делата на големиот Вилијам Шекспир, наредните 6 дена ќе имаат можност да бидат дел од 8-от по ред “БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ” под мотото “THOUGHT IS FREE кој ќе се одржи после две години пауза заради ковид пандемијата.

Sequence 01.00 44 54 20.Still004

Фестивалот ќе трае од 25.06 до 30.06.2022г., а на сцената на Народниот театар – Битола ќе настапат театрите од: Полска, Црна Гора, Албанија, Италија, Бугарија како домаќинот на Фестивалот, битолскиот театар.

Sequence 01.00 43 23 17.Still003

„Возбудена сум што утре треба да го отвориме „Битола Шекспир Фестивал“ после двегодишна пауза и среќна сум што сме сите заедно овде после цело несигурно време кое што го поминавме. Среќна сум затоа што ќе се сретнеме со интернационални уметници од повеќе земји и што ќе ги отвориме вратите на нашиот театар. Оваа година фестивалот ќе се одржи под мотото „Мислата е слобводна“ земено од делото „Бура“ на Шекспир“, изјави Лина Чоревска, уметнички директор на Народен театар Битола.

„Оваа година успеавме за жал и со редуцирани средства поради кризата и заради се да направиме еден фестивал на кој ќе бидеме горди и кој ќе може да се мери со другите, да кажам побогати фестивало од Асоцијацијата на европски Шекспир фестивали. Оваа година буџетот е 1.6 милиони денари, од кои еден милион од Министерството за култура, а 600.000 денари од Општина Битола “, рече Иван Јерчиќ, директор на Народен театар Битола.

Sequence 01.00 44 41 10.Still006

Честа да го отворат 8то по ред издание на БШФ им припадна на Драмски театар “Александар Вегиерко”, – Бјалисток, Полска со претставата “Макбет” – В. Шекспир во режија на Грегор Суски.

Изведбата на Драмскиот театар Александар Вегиерко во Бјалисток е заснована на класичен текст, барајќи механизми кои ја одредуваат моќта, знаењето и човечкиот живот. Шарени, интересни – понекогаш дури и сурови – женски ликови играат важна улога во постановката на Магбет во Бјалисток. Лејди Макбет и Лејди Макдаф, но и ликовите на Вештерките се подеднакво важни. Тие – користејќи ја амбицијата на Макбет – го тераат да сфати дека во него е она што всушност го нема …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…

Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…