bit fest 2022

Во следните 64 дена, на повеќе просторни сцени во градот на кои ќе се одржат 10 фестивали, со гостувања на уметници од над 20 земји од светот, Битола ќе биде во знакот на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2022. Овие културни настани низ еден автентичен културен израз, ќе ја промовираат македонската уметност, култура и традиција пред домашната и странска публика, градејќи и цврсти меѓународни врски, за нови можности за културен напредок на градот.

bit fest 2022 press 2

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на денешната прес конференција информираше за Битолското културно лето, кое започнува утре, со Концерт на Каролина Гочева во Хераклеја и ќе трае до 31 август. Оваа година, БИТ ФЕСТ воведува нов концепт на културно лето, кое истовремено ќе ги поврзува традицијата и современите достигнувања во културниот свет.

bit fest 2022 press 3

„Содржините кои се дел од оваа програма даваат концепт на издигнување на фестивалот на повисоко естетско ниво со почитување на професионализмот, креативноста и повисоките критериуми и норми на уметничка изведба од страна на авторите и изведувачите кои ќе земат учество на Бит Фест. Фестивалот заслужено добива шанса да биде идентитетски силен  и да претставува предизвик и за уметниците и за публиката. Утревечер, започнуваме со најголемите македонски хитови на нашата битолчанка Каролина Гочева, со концерт во Хераклеја, а на 31 август ќе завршиме повторно со македонски хитови во изведба на групата „Меморија“.

каролина гочева

Во тој период од 19 јуни до 31 август, ќе проследиме квалитетни програмски содржини, меѓу кои на 21 јуни на 10 сцени, ќе го славиме франкофонскиот Празник на музиката или „Солстис“ за убав почеток на летните денови, а следниот ден ќе имаме можност да го проследиме концертот на „Марко Виденовиќ – СЕПТЕТ“. Продолжуваме со програмата на Битола отворен град, а на 25 јуни ќе го отвориме Битола Шекспир Фестивал, каде имаме гостување на театри од Полска, Албанија, Италија, Бугарија, Црна Гора. Дополнително, театарската програма ја збогатуваме со гостување на Македонски народен театар и претставата „Народен непријател“, како и гостувања на тетовскиот и велешкиот театар. За најмладите, оваа година Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“, носи гостувања на театарски претстави од Македонија, Италија, Швајцарија, Полска, Чешка, Иран и Турција, а од филмската уметност во Киното Манаки, ќе следува недела на проекции на детски филмови.

Дел од музичката и музичко сценската уметност на БИТ ФЕСТ, се и виолинистите Владимир Костов, Ана Контраденко, Марко Поп Ристов, сопранот Весна Гиновска Илкова, а под наслов „Со лезет за Битола“ ќе настапат светски познатите, македонски оперски пејачи Ана и Игор Дурловски.

Традиционално, „Со песни за Битола“, продолжуваме со „Незаборав“.

За љубителите на џез – културата, го имаме Интернационалниот „Џез Фабрика Фестивал“, а „Балкан Гала фестивалот“ на Камерниот оркестар на Битола, ќе биде исполнет со поп и рок симфонија.

Музиката и традицијата, продолжуваме да ги негуваме преку Локум фест, а меѓу богатите содржини за време на фестивалот „Илинденски денови“ на БИТ ФЕСТ е и гостувањето на ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“ и Влатко Стефановски.

Дел од официјалната програма на БИТ ФЕСТ се и автори кои професионално се докажале на ликовната сцена, а и други содржини кои верувам дека ќе го привлечат и задржат вниманието на публиката.

За првпат годинава, програмата на БИТ ФЕСТ е збогатена и со Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски на денешната прес конференција.

bit fest 2022

Официјалната програма, ќе заврши на 31 август, а на предлог на комисијата, поддржани се и апликации кои се однесуваат на културни содржини кои ќе се реализираат во Битола, надвор од програмата на битолското културно лето, до крајот на годината.

Ваквиот пристап на општина Битола, нуди простор и поддршка и за други проекти да бидат презентирани пред битолската јавност, да се потикне потенцијалот за идна соработка, но и да се отвори можност за реализација на проекти кои заради своите специфики и интересот на градот да ги поддржи, имаат потреба за дополнително време и средства за реализација.

ПРОГРАМА НА БИТ ФЕСТ 2022

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…

Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

10. издание на Фестивалот на електронска музика СМОТРА во Старата битолска чаршија

Во Старата битолска чаршија, синоќа се одржа јубилејното 10-то издание на Фестивалот…