uklo kic 13.11 2

По повод Светскиот ден на науката за мир и развој, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ја организираше четвртата Годишна меѓународна конференција на тема „Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој“, која се одржа во КИЦ „Офицерски дом“ во Битола.

Научниот собир обедини академици, истражувачи и креатори на политики од земјата и странство, со цел размена на знаења и искуства, поттикнување на соработката и креирање иновативни решенија за одржлива иднина.

uklo kic 13.11 10

На свеченото отворање се обратија ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, проректорот проф. д-р Горан Илиќ и постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбија. Во своите обраќања ја истакнаа водечката улога на УКЛО во промовирањето на Целите за одржлив развој, како и значењето на мултидисциплинарниот пристап и меѓународната академска соработка.

Годинешната програма ја вклучи и алијансата SustainED, а главното предавање го одржа проф. д-р Лефтерис Топалоглу од Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција посветено на влијанието на зелената енергија и енергетската транзиција врз пазарот на трудот.

На конференцијата беа презентирани околу 70 научни трудови, избрани од повеќе од 100 пристигнати пријави. Во рамките на придружната програма се одржа и мастеркласот „Одржливата иднина се создава поинаку од денес“, при што беа промовирани новите студентски изданија „УКЛО КОЛОРС Магазин“ и „Калеидоскоп“.

Битолски средношколци со иновативна идеја за дигитални плаќања – поддржете го КЕШМАТ и освојте награди!
Средношколци од Битола, Алек Сиваков, Сергеј Павловски, Лука Илијовски и Елена Ивановска …
Светите Козма и Дамјан
Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…