Членовите и раководството на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола кое е носител на светскиот детски ликовен бранд „Мал Битолски Монмартр”, утре, среда 31 август 2О22 година од 10 до 13 часот пред Министерството за образование и наука во Скопје ќе сликаат архитектура во знак на протест, а со апел да им се врати статусот кој по 30 години им е укинат.
„Откако Министерството за образование и наука на Македонија ни 7 дена по телефонското информирање од страна на Државниот секретар при МОН која ни соопшти дека по 30 години веќе нема да сме корисници на нивната поддршка со што 55 годишното Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола ќе мора да престане со работа, а светскиот детски ликовен бренд „Мал Битолски Монмартр” кој се реализира 41 година без прекин ќе биде уништен како УО во координација со родителите решивме група на наши повозрасни ученици во периодот од 1О до 13 часот да сликаат архитектура пред МОН во Скопје“, велат од ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ Битола.
Утре во Скопје, со почеток во 11 часот, пред МОН ќе одржат прес конференција.
Исто така тие реагираат и до Народниот Правобранител и Јавно Обвинителство на Македонија да следат активности за партиска злоупотреба на малолетни лица.
Наведуваат неколку факти зошто Министерството за образование и наука мора да го врати статусот на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола каде што беше 30 години или цело време од независноста на државата.
• Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола пред се е воспитно едукативна установа па затоа и 3О години имаше статус на ниво – ранг на школо за основно образование;
• Рангот на ниво на школа за основно образование е затоа што основачот на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Коста Хаџи-Антоновска по насоки и иницијатива на државата формира општествено одговорна организација пред 55 години што по 1991 година по закон е здружение на граѓани;
• Дипломите и Сертификатите кои имаат печат и потпис на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола во 4О земји во светот имаат посебен третман кај нивните Министерства за образование и наука во сегментот Академи за сликарство или Факултети за ликовна уметност.
• Учесниците а особено добитниците на награди од Светскиот детски конкурс “Битола” кој се реализира без прекин 4О години а на кој годишно аплицираат 5ОО школи со над 25.ООО детски цртежи од над 3О.ООО ученици и наградите од учеството на светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” која се реализира 41 година и на која без прекин учествуваат 25 школи од исто толку земји со над 15О ученици ги носат следните привилегии:
☛ загарантиран упис на факултет или ликовна академија;
☛ поени кон уписниот процес за ликовни академии кои високо котираа во образовниот систем;
☛ бесплатно студетско сместување;
☛ студетски стипендии;
☛ привилегија за учество на 1О светски детски ликовни колонии иако сте на возраст од 18 до 2О години со што првата и втората година од факултетскиот сегмент се надополнуваат изјави за дополнителна вредноста на талентот.
• Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола поточно основачот Коста Хаџи-Антоновски е и основач на светската детска ликовно – образовна заедница поради што и се признаени од светски организации како УНЕСКО – Интернационалниот Олимписки Комитет – Обединетите Нации …