Викендов во Сараево во организација на танцовиот спортски клуб Асторија се одржа натпревар во повеќе танцови спортски дисциплини меѓу кои и натпревар за латино соло девојки. За прв пат во рамките на WDSF, а тоа значи на највисоко светско ниво.

viber image 2022 11 14 15 28 08 480

ТСК СТЕП АП, Битола и воедно Македонија ја претставуваа три девојки, Антонија Гајтановска и Катја Козарова со нивните настапи во јуниори 1 и јуниори 2 и Зорица Симјановска во возрасните категории постари младинци и возрасни.
Во многу јака и бројна конкуренција, низ неколку кола на натпреварување, почнувајќи од четвртина финале, па пласман во полуфинале обезбедија место и во финалните рунди.
Нивните резултати се следни:
Антонија Гајтановска јуниори 1 – 8 место
Катја Козарова јуниори 1 – 3 место, бронзен медал и пехар
Зорица Симјановска – постари младинци 4 место и во категоријата возрасни 3 место, бронзен медал и пехар.
Презадоволни од постигнатите резултати ги очекуваат бодовите кои ќе бидат запишани на светската ранг листа.

viber image 2022 11 14 15 24 00 575
viber image 2022 11 14 15 27 27 900

Ги повикуваат сите од 5 годишна возраст кои имаат желба за танцовиот спорт да им се придружат во клубот и да ја доживеат магијата на танцот.
Антонија, Катја и Зорица велат дека немаат многу време за одмор. Почнуваат со подготовки за нивниот следен меѓународен голем натпревар Македонија Опен кој следниот викенд ќе се одржи во Скопје.

Ноам Чомски за штетноста од оценувањето и рангирањето на децата и наставниците
Аврам Ноам Чомски (роден на 7 декември 1928 во Филаделфија) е американски …
Зајдисонце – момент кој носи чувство на спокојство и размислување
Во изгрејсонцето уживаат само ранобудните и ја нема секој таа можност во …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

Интервју со Маја Атанасовска, организатор на првата женска трка во Битола – Биди своја

На 17 јуни во Битола ќе се одржи првата ноќна женска трка…