Месецот ноември претставува „Месец на науката” и истиот ја нагласува значајната улога на науката во општеството и потребата од вклучување на  пошироката општествена јавност во соработка и размена на искуства во делот на научно-истражувачката работа.

И оваа година во рамките на одбележувањето на „Месецот на науката”, трет пат по ред, на ден 16ти ноември во организација на Факултетското студентско собрание при Техничкиот Факултет – Битола ќе се одржи Третата факултетска студентска конференција на Тема: „Техниката и урбаниот развој”. Истата ќе се одржи со физичко присуство, во амфитеатарот на факултетот, со почеток во 10.00 часот. На конференцијата ќе бидат презентирани стручни трудови на студенти на прв, втор и трет циклус студии од отсеците: “Електроенергетски системи и обновливи извори на енергија”, “Машинство”, “Индустриство инженерство и менаџмент”, “Сообраќај и транспорт”, “Мехатроника” и “Графички отсек”. Покрај студентите, на конференцијата активно учество ќе земат и претставници од Ректорската управа од  Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола, Деканската управа на Техничкиот Факултет, професорите, претставници од компании од приватниот сектор, и други лица.

            Целите на конференцијата се:

  • Поттикнување на студентите во креативни решенија при научно-истражувачката дејност,
  • Постигнување на меѓусебна размена на знаења и искуства и
  • Продлабочување на соработката помеѓу факултетот и компаниите-партнери на конференцијата.
Четири типа енергетски вампири и како да се заштитите од нив
Секој, барем еднаш во животот, бил жртва на емоционален, енергетски вампир. Тоа …
Подемот на вело-градовите: Како урбаното планирање го поттикнува возењето велосипед
Градовите ширум светот стануваат сè попријателски за велосипеди, бидејќи урбанистите и креаторите …

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    You May Also Like

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

    Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…