jazz festival treta vecer 10 1

Со настапите на битолскиот џез-фјужн состав КОД 369 и JFF Little Big Band под диригентство на Тони Китановски, синоќа свечено беше заокружено осмото издание на Џез Фактори фестивалот во Битола. Завршната вечер беше вистински празник на домашниот џез израз, каде модерните текови и локалната џез естетика се споија во моќна музичка експлозија.

Публиката најпрво уживаше во оригиналниот звук на КОД 369, состав познат по своите иновативни композиции и модерен пристап кон џезот. Како ексклузивци на „Кроација Рекордс“, бендот успешно гради препознатлив музички печат што ги надминува границите на регионот.

Фотограф: Александар Георгиев

Круна на вечерта – и на целото фестивалско издание – беше настапот на JFF Little Big Band, фестивалски проект кој под диригентската палка на реномираниот гитарист и композитор Тони Китановски, обединува дел од најталентираните млади македонски џез музичари. Ансамблот изведе композиции од истакнати македонски автори, претставувајќи свежа и моќна перспектива на домашната џез сцена.

Осмото издание на фестивалот остави силен впечаток со богата и разновидна програма, спојувајќи уметници од Франција, САД, Шпанија, Германија и Македонија, и уште еднаш потврди дека Битола станува значајна точка на џез картата на Балканот.

Среќен е тој што умее да сака – Херман Хесе
…Колку повеќе стареев, толку помалку бев исполнет со малите задоволства што ми …
Твојата добрина е твоја победа – дури и кога сите губат човечност
Во време кога сè почесто се среќаваме со себичност, осуда и повредени …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…