butin veligden

…по повод пет години од пандемијата на ковид-19 и празните цркви за Велигден


Поминаа пет години. А како да беа само пет месеци.

Времето по пандемијата како да лета. Деновите ни поминаа низ прсти, а годините како да се претопија една во друга. Сѐ повеќе нѐ мачи прашањето: што направивме со животот откако тој речиси ни беше одземен?

Не се сеќавам на паниката, на напнатите прес-конфереции и вести. Се сеќавам само на тишината. На онаа необична, надреална тишина што не демнееше. Ни звук, ни џагор. Ниту пак ветрот се слушаше. Само затворени врати и уплашени луѓе. Живеевме со една мисла: Само да помине. Само да заврши.

Да, стравот беше голем, но надежта уште поголема.

А денес? Денес – сме „слободни“. Животот продолжи. Улиците се полни, кафулињата бучни, социјалните мрежи никогаш поактивни.
Но… дали навистина сме поинакви? Каде ни исчезна стравот?

Дали ја научивме лекцијата? Дали болката нѐ направи подобри? Дали жртвите што ги зеде ковидот не заслужија во нивна почит да бидеме подобри? Или, напротив – продолживме уште побрзо, уште понечовечно, како ништо да не се случило?

Не ве прогонува ли понекогаш сликата на празна црква за Велигден?

За жал, се чини дека не научивме ништо. Луѓето станаа посебични, понечувствителни, повеќе наклонети кон површност и суета. Заборавивме што значи да се живее со смисла.

Се живее како да нема утре. Без волја за суштината, робови на формата. Лекцијата не ја научивме.

Апостол Павле вели:

„Сѐ ми е дозволено, но не сѐ е полезно;
Сѐ ми е дозволено, но ништо не сакам да надвладее над мене.“
(1 Коринтјаните 6:12)

Човекот чезнее за слобода, но ако тој нема во себе вградени вредности за да размисли за последиците од изборот кој го прави, сета таа слобода е залудна кога води кон погрешниот пат.

Велигден е потсетник дека секоја болка може да се преобрази во живот.
Но само ако од неа нешто научиме.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!

Грешки за кои треба да си простите
Грешки. Сите ние ги правиме. Иако знаеме дека е човечки да се …
Не можеш да ги задоволиш сите – живеј за себе
Секогаш ќе бидеш храбар во нечии очи, а плашлив во други. Силен …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…