позарна

На 26-ти октомври во непосредна близина на селото Годивје во Oпштина Кривогаштани беа изведени две тренинг-показни вежби. Овие вежби се фокусираа на справувањето со шумски пожари и управување со ситуации од поплави.
Во вежбите учествуваа единиците од ТППЕ Битола, ТППЕ Кривогаштани, ТППЕ Крушево, како и единицата на ДПД Архангел од Битола.

Овие активности се дел од проектот :„ ПРЕВЕНЦИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРЕКУГРАНИЧНИ КОМПЛЕКСНИ ПОПЛАВИ И ШУМСКИ ПОЖАРИ – SOLVE “ што го спроведува Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола.

Овој проект е дел од Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 година, која спаѓа во Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија.

Примарната цел на овој проект е да се намалат ризиците поврзани со шумските пожари, како во урбаните така и во дивите области, како и да се подобри управувањето со поплавите во регионот. Проектот има за цел да создаде модел кој може да се примени и во други региони.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…