слика
image description

Фестивалот на Малата Школа на Краткиот филм е филмски фестивал наменет за учениците од основните училишта и е дел од акциите за едукацијата на сликата (филмска писменост) и откривањето на кинематографската уметност што ги спроведува француското здружението Aј Aј ВО/ Меѓународниот филмски фестивал Нанси, во текот на целата година.

Во Франција, годинава се одржува 19-то издание на „Le Festival de la Petite école du film court“, додека во Битола ќе го има своето трето издание. Овој настан е покана за откривање на оригинални филмови. Забавни и во исто време со едукативна функција, проекциите се проследени со размени со учениците за да ги поттикнат да зборуваат, да им овозможат да ги изразат своите чувства, емоции, да ги поттикнат да направат чекор назад од сликата воопшто, да го развиваат своето критичко размислување, истовремено подигајќи ја нивната свест за кинематографската уметност.

Програмирани се кратки филмови, прилагодени на возраста на учениците, разновидни по нивните форми (анимирани филмови, фикција, документарци, експериментални), обработените теми и нивното географско потекло и секогаш во оригинална верзија, титлувани на Македонски јазик. Времетраењето на и дискусиите по проекциите, водени од  директорката на Фестивалот Бландин Брунхес-Гламчевски, е прилагодено на возраста на публиката.

На младите им се нудат филмски дела кои ретко се емитуваат надвор од професионалните фестивалски кругови. За Битола се предвидени три програми за ученици на возраст од 9 д 11 години и за ученици на возраст од 11 до 14 години. За прв пат годинава, на средношколската публика ќе и бидат претставени и кратките филмови, избрани и наградени од нивните врсници од Нанси за време на 29-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, со кој претседава од 2013 година македонскиот новинар Тони Гламчевски. Фестивалот од Нанси со својата делокализација во Битола промовира ширење на кинематографската уметност и пристап до културата за сите. Мисија која е блиску до срцето на целиот наставен тим на La Petite École du Film Court, која во текот на годината организира работилници со цел за нивна обука за подигање на свеста за слики и звук, работилници за програмирање, училишен фестивал, сесии на млада публика на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, сесии за гледање пред селекција со средношколци, со возрасна публика, средношколско и студентско жири, состаноци со кино професионалци, проекција -дебати со разни публика, здруженија и во затвори итн.

Фестивалот ќе се одржи од 30 октомври до 3 ноември 2023 година во рамките на програмата за одбележувањето на 4-ти Ноември – денот на ослободувањето на Битола. Сите проекции се бесплатни и се одржуваат во НУ Центар за култура Битола, партнер на фестивалот се Француската алијанса од Битола и Француското конзуларно претставништво во Битола, а предвидени се и две делокализирани проекции за учениците во основните училишта вo Новаци и Бач.  Неговата реализација финансиски е помогната од Општина Битола и Францускиот институт – Скопје, како една од акциите за ширењето на франкофонската култура и францускиот филм во Македонија.

Свеченото отворање на фестивалот ќе се одржи на 30.10.2023 год. во малата сала на НУ Центар за култура Битола, со почеток во 18:00 ч.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…