куд илинден демир хисар нас

Монографијата „30 години КУД Илинден – ДХ“ од Златко Бошевски беше промовирана во фоајето на Домот на култура „Илинден” во Демир Хисар на 27 октомври, 2023 г..

Делото 30 години КУД Илинден – ДХ” од авторот Златко Бошевски, вработен како советник за драмска дејност во Домот на култура „Илинден” во Демир Хисар, но и активен член во КУД „Илинден” – Демир Хисар, постхумно се издава и во негов спомен, бидејќи записите и фотографиите што се опфатени во истото, посебно за периодот од 1993 до 2018 година, се дело на неговиот труд и заложби направени пред неговото упокојување.

куд илинден 6

Ваквата идеја која што грижливо била чувана во компјутерските архиви на матичната установа Дом на култура „Илинден”, токму оваа 2023 година кога се одбележуваат 30 години постоење на КУД „Илинден” – Демир Хисар, ја дочекува светлината на денот, благодарение на заложбите на новото раководство предводено од Славче Велјановски кој што од 2022 година ја презема задачата на директор на Домот на културата.

Изданието е отпечатено во 300 примероци по повод јубилејот 30 години постоење на културно-уметничкото друштво. Промотори на настанот беа Влатко Стојковски (професор), Билјана Солунчевска (поетеса), Антонио Павловски (културен работник) и Славче Велјановски (историчар и директор на Домот на култура во ДХ).

Во изданието свои обраќања и текстови имаат повеќе личности кои на разни начини имале свој удел или поврзаност со работата на КУД „Илиден” од ДХ.

Промоцијата беше збогатена со рециталот „Македонија” – според истоимената песна на Анте Поповскии музички перформанс на членови при оркестарот на културно уметничкото друштво.

meblo trejd cestitka

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…