tomislav

Од Јапонското министерство за образование, култура, спорт, наука и технологија ги соопштија резултатите од 31-вото издание на светскиот детски ликовен конкурс 2О23 / 2О24 година кој е основан во 1993 година во Токио.

Оваа година според организаторите на оваа еминентна манифестација која го вреднува детското сликарство на светскиот детски ликовен конкурс пристигнаа над 15.000 детски ликовни цртежи на млади ликовни уметници до 19 години од 68 земји од цел свет.

Македонија традиционално како и секоја година беше преставена само од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола кое по селекцијата на координаторот за ликовни активности при Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола Томислав Стерјев, испрати колекција од 12 цртежи од исто толку свои ученици од кои ученикот Томислав Атанасовски за своето уметничко дело го освои престижното второ место – сребрен медал.

Жири комисијата која во состав е од професори и академици од Националниот Музеј за модерна уметност во Токио и Универзитетот за ликовни уметности во Токио и сродни Универзитети од Јапонија имаа поприлично тешка задача да ги наградат најдобрите ученици.

„Нескромно, но наградата која има огромно значење и за нашиот ученик, но и за нашето студио беше oчекувана. Томислав има специфичен стил на ликовно – уметничко изразување кое ние максимално го поттикнуваме во правилниот развој, но без интервенции на веќе изградениот личен пристап. И тоа не фасцинираше со што бевме сигурни дека кога – тогаш ќе е соодветно препознаен. Успехот од Токио е потврда на целата таа работа” – изјави Елена Хаџи-Антоновска, претседателка на Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола.

viber image 2024 04 20 11 17 49 225

Светскиот детски ликовен конкурс во Токио веќе 31 година е плод на взаемна соработка на Министерството за образование и култура заедно со Министерството за надворешни работи на Јапонија како и десетина Универзитети за ликовни уметности и Музеи во Јапонија.

viber image 2024 04 19 22 15 20 429

„Ова е признание со кое светската професионална уметничка фела се поклонува пред талентот на младиот уметник. Оваа година поклон има и кај талентот на наш ученик. И нас како Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола тоа многу ни значи – пред се како поттик за нашите членови кои творат кај нас но и за самата организација чии успеси се препознаваат на сите светски меридијани. И тоа нема цена. Има само искрена радост што ученик чиј родител ни го доверил талентот на своето дете сме успеале да го персонализираме во својата уникатност како личен печат на малиот уметник – правилно насочиме и пратиме на детските ликовни конкурси кои се соодветни на стилот низ кој ученикот твори. И се тоа е успешно менаџирање на креативноста кое ете вроди со огромното признание – второ место – сребрен медал на еден од еден од позначајните ликовни конкурси на глобално ниво. И тоа не прави среќни – што по кој знае кој пат говори дека нашата мисија е успешна како изминатите 56 години така и денес а ќе продолжи и понатаму” – изјави Славчо Неделковски – претседател на УО при Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…