tancov

Битола следниот викенд ќе пулсира во ритамот на танцот! Танцовиот спортски клуб „Степ Ап“ – Битола, по втор пат е домаќин на престижниот меѓународен танцов спортски натпревар „Битола ОПЕН 2025“, кој ќе се одржи на 22 јуни во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток во 8:00 часот наутро, а свеченото отворање е закажано за 19:00 часот.

Битола ќе прими натпреварувачи од Турција, Грција, Албанија, Бугарија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Австрија, Германија, Италија, Молдавија, Кипар, како и од далечните Малезија и Сингапур. Секако, ќе настапат и најдобрите танцови двојки од Македонија. За време на целиот ден, посетителите ќе имаат можност да уживаат во динамични настапи и уметнички перформанси во стандардни и латиноамерикански танци.

Овој реномиран настан е дел од официјалниот календар на Светската спортска танцова федерација (WDSF), што му дава меѓународна тежина – освоените бодови се вреднуваат на светските ранг-листи. По успешната организација минатата година, интересот оваа година е уште поголем, со надеж дека „Битола ОПЕН“ ќе прерасне во традиција која ќе го вброи градот меѓу значајните танцови дестинации во регионот.

Организаторите упатуваат благодарност до Танцовата спортска федерација на Македонија, Министерството за спорт и Општина Битола за поддршката и помошта во реализацијата на овој спектакл.

Сите љубители на танцот, граѓани на Битола и пошироко, се повикани да бидат дел од ова несекојдневно доживување и да ги бодрат своите фаворити.

Повеќе информации може да се најдат на официјалните профили на социјалните мрежи:
Facebook: tskstepup
Instagram: @tsk_step_up
или на e-mail: stepup@t.mk.

Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од „Битола ОПЕН 2025“ – каде што танцот станува спорт, а спортот уметност!

Доживеј ја убавината на Атина, шармот на Пелопонез и мистичноста на Метеори
Патувањето кон југот на Грција секогаш започнува со еден ист возбудлив трепет …
Во чест на Рождеството на Пресвета Богородица – манастир „Св. Богородица“ – Сливница
Дарот од Бога – Пелистер, својата убавина ја има перфекционирано со Божјата …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…