Претставници од Секторот за внатрешни работи Битола – Отсекот за компјутерски криминал, инспектори од општ и економски криминал заедно со Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај одржаа средба со дел од бизнис заедницата од подрачјето на Битола.

На средбата беше разговарано за зачестената појава на различни видови измами и како да се заштитат од нив. На присутните им беше укажано дека непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни електронски адреси таргетираат корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка, злоупотреба на платежните картички и други измами.

prevencija22

Со цел да се избегнат такви сценарија, СВР Битола ги предупреди присутните на средбата и останатите граѓаните да внимаваат да не станат жртви на инвестициски измами при купување на движен и недвижен имот и сите останати измами . Исто така, беше даден совет да бидат претпазливи кон сите понуди што ветуваат нереално високи приходи за многу краток временски период – ова е првиот и најочигледен знак дека станува збор за измамнички намери.

prevencija11

Додека, за време на комуникацијата не треба да се даваат лични податоци, фотографии од лични документи, банкарски картички, како и еднократни лозинки за апликации за банкарство преку Интернет или други податоци за овластување на банкарски трансакции.

СВР Битола ќе продолжи со превентивните активности за спречување на измамите, но и со преземање мерки за откривање и расчистување на извршените измами. 

meblo trejd mialnici
Промоција на книгата „Низ детските очи“ од Маја Богоевска на Светскиот ден на книгата
„Каде што зборовите не успеваат, приказните зборуваат“ – духот на детската литература, …
Битола во фокусот на светскиот театар: стартува 27. Фестивал на монодрама
На денешната прес-конференција беше претставена програмата на 27. Интернационален фестивал на монодрама, …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…