sveti atanasij

Свети Атанасиј Велики е еден од најзначајните христијански светци и се смета за голем бранител на вистинското православие. Православната црква го чествува неговото име двапати во текот на годината: на 31 јануари – како зимски празник, и на 15 мај – како летен ден посветен на пренесувањето на неговите мошти и чудата поврзани со нив.

Свети Атанасиј е заштитник на многу домови и семејства. На овој ден свој именден го слават: Атанас, Атанаска, Танас, Танаска, Тане, Насе, Насте…

Роден е во 296 година во Александрија, каде уште од најмлади години покажувал голема љубов и ревност кон верата. Одредено време минал во пустината заедно со свети Антониј Велики, каде што се зацврстил во духовниот подвиг. По враќањето, бил поставен за архиѓакон на александриската црква, а подоцна учествувал и на Првиот вселенски собор, каде се истакнал со своето знаење на Светото писмо и дарбата за јасно и моќно говорење.

15 050

На барање на народот, бил избран за архиепископ на Александрија, функција на која останал со децении. Но, поради неговото влијание и храбро застапување на православната вера, бил четири пати прогонуван од различни цареви. Вкупно дваесет години од животот ги поминал во прогонство, но никогаш не отстапил од своите уверувања.

Се упокоил во 373 година, оставајќи длабок белег во историјата на христијанството.

Триесет и пет години подоцна, уште чекаме да пораснеме?
Пишува: Сара Танаскоска Триесет и пет години се повеќе од доволни за …
Најлош е лицемерниот човек – како да се справите со него?
Да се ​​обидеш да смениш лицемерен човек е исто како бришењето прашина …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…