male ge5a41ff42 1280

Манипулираат со вашите чувства и ум, влијаат на вас без да бидете свесни за тоа. И тие не го прават тоа за ваше добро, ниту затоа што се грижат за вас. Сè што им е важно е да го добијат тоа што го сакаат. По секоја цена. Тие се манипулатори. Тие се обидуваат да создадат дисбаланс на моќта и да ве искористат за стекнување моќ, контрола и привилегии на вашата сметка.

man ga1fc1a019 640

Можеби мислите дека тоа не може да ви се случи вам бидејќи добро ги познавате луѓето околу вас. Но, факт е дека манипулаторите најмногу ги искористуваат блиските, а манипулацијата нема да ја препознаете како нешто алармантно бидејќи манипулаторот најчесто е личност на која ѝ верувате. За среќа, постојат одредени знаци кои можат да ви помогнат да препознаете манипулатор, но секогаш имајте на ум дека силата на манипулативните луѓе е во тоа што тие точно знаат како да прикријат нешто, да го направат безопасно и добро да го скријат своето вистинско лице зад наивната маска. Многу манипулатори на почетокот на врската изгледаат како добродушни луѓе, верни на вашата доверба и љубов, но илузијата не може да трае вечно.

Манипулаторот ќе го препознаете по специфичниот начин на однесување и одредени фрази. Ова се најчестите 4 фрази кои ги користи.

man g334836f4b 640
  1. „Погледни што ме натера да направам“
    Ова е една од клучните фрази што ги користи манипулаторот. Тој не презема одговорност за своите постапки, нагласувајќи дека тоа е надвор од негова контрола и не сака да одговара за своето однесување. Тие ја користат оваа фраза за да манипулираат со туѓите мисли и чувства, односно да ја префрлат вината и целиот товар на вас.

Како да се одговори?
Останете на својот став и дајте му до знаење на манипулаторот дека не можете и не сакате да бидете одговорни за неговите постапки, бидејќи секој од нас има свесна контрола над себе. Не дозволувајте да ве измами и обвини.

  1. „Се однесуваш ненормално“
    Манипулаторите сакаат да влезат во вашиот ум и да ве натераат да се сомневате во вашиот разум. Тие ќе се обидат суптилно да ве воведат во дискусија или кавга, а потоа кога ќе се обидете да опишете проблем или да се спротивставите, манипулаторот често ќе одговори со оваа или слична фраза. Тие, исто така, веројатно ќе ве обвинат дека сте ирационални или пречувствителни и дека вашите зборови и постапки се бесмислени. Ако не го препознаете неговиот план на време, веројатно ќе се повлечете и ќе почнете да се сомневате во себе.

Како да се одговори?
Не дозволувајте оваа фраза да ве вознемири. Инсистирајте јасно и мирно на вашиот став, не влегувајте во дискусија со манипулаторот и не му докажувајте го својот здрав разум, туку само останете на своето мислење.

  1. „Претеруваш“
    Манипулаторите сакаат да ја користат оваа фраза за да ви докажат дека вашите проблеми се измислени, дека тие се само плод на вашата фантазија. Доколку манипулаторот сака да ве вознемири, сигурно ќе ја изговори оваа фраза, инсистирајќи дека сте личност која бурно реагира и прави слон од мува.

Како да се одговори?
Оваа конкретна фраза би можела да биде почеток на манипулативниот ефект наречен „gaslighting“. Ако ви каже дeкa претерувате во сè, верувајте ѝ на вашата интуиција, а не него. Одговорот на манипулаторот: „Јас сум апсолутно рационален и јасно ја гледам ситуацијата“. Обидете се да го вклучите манипулаторот во решавањето на вашите проблеми и ќе забележите дека тој ќе почне да се повлекува бидејќи нема да сака да признае дека проблемот навистина постои.

  1. „Извини ако те повредив“
    Извинувањето е прекрасна алатка за обнова на односите, ослободување од емоционалните оптоварувања и враќање на мирот. Сепак, бидете внимателни! „Извини“ е омилената фраза на манипулаторот, особено кога е придружена со „ако“. Тоа значи дека тој не верува дека навистина погрешил, туку се извинува за да ја контролира ситуацијата што сте ја надувале, а тоа не го разбира. Таквото извинување никогаш не е искрено и добро размислете дали ќе го прифатите. Затоа ќе се извинува одвреме-навреме без никакви скрупули и искреност, но нема да се обидува да го промени своето однесување.

Како да се одговори?
Способноста да се контролираат сопствените граници е клучна за контролирање на манипулаторот. Ако некои негови постапки или зборови ве повредат или ако имате чувство кое ви кажува дека „нешто не е во ред“, останете со тоа и не обидувајте се да го оправдате тоа со омаловажување. Треба да се ставиш себеси на прво место, дури тогаш тој може да има почит кон тебе. Ако некој не сака да го промени своето вообичаено однесување кое ве повредува, дајте му до знаење дека нема да го трпите.

meblo trejd bravi

Error: Contact form not found.

Ако треба да платите за нешто со вашиот мир, знајте дека е прескапо
Понекогаш најтешките рани не се раните што ни ги нанеле другите, понекогаш …
Кога лојалноста преминува во слугување по секоја цена, тогаш нема ни Л од лојалност
Лојалноста е важна компонента на секој бизнис. Не само што ви требаат …
мебло организатори
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…