biljana tazni

Некои од нас се раѓаат во палата, ги хранат со сребрен прибор, пијат од кристални чаши, некои од нас, се раѓаат во просечно ѕидани куќи, желбите уште од мали учат да си ги ограничат и тоа им е во ред – тераат некако низ животот. Некои од нас се родени дословно на буниште – тие немаат избор, освен жестоко да се борат во животот со цел да ја прикажат својата автентичност во светот каде живееме, свет кој немилосрдно удира по автентичните, оние кои се умориле од залудните обиди да се вклопат во големата слика, оние кои радо ќе носат скинати патики, но нема да дозволат да прават компромиси со своите идеали. Малкумина се вакви, а уште помалку ги има со чист образ – тие се оние кои не ги издаваат пријателите и кога немаат никаква корист од нив, кои го делат последното парче леб со некого, оние, чиј даден збор е секогаш одржан, бидејќи ветувањата не им се празна слама туку светии.

Светот, на крајот од тунелот, ги сака победниците, слабите имаат тенденција сами да пропаднат. Жестоко ги тренира во спротивна насока оние кои имаат храброст да му се спротивстават на неговата прецизирана хиерархија. Затоа што, во глобала, промените во светот не ги носат просечните, послушните, туку оние на кои им е преку глава од врски по шалтери за секакви баналности, од тапкање по рамо, од искористување на интелектуалниот капацитет за џабе, од социјалната неправда, оние кои чекаат во километарскиот ред пред болничките шалтери, затоа што немаат кому да му се јават да им заврши работи побрзо, па да биде побрзо и операцијата и соодветното лекување. Реално, немаме сите силни финансии за по приватни болници и третмани.

Не можам на никој да му забранам да коментира нечиј живот…една народна мудрост вели: „На поле и на чаршија не се клава порта“ – така што, секој има право, но секој од животот добива онолку колку што ќе има храброст – и не секој има избор помеѓу две работи, некои од нас немаат воопшто избор и не значи дека оној кој се родил во палата нема да ја почувствува смрдеата од буништето или пак оној парталкото нема да собере доволно храброст не само да живее во палата туку да си изгради лично своја – по свој вкус. Во суштина, освестените луѓе меѓусебно разговараат за идеи, озборувањето е терапија за небудните.

meblo trejd cestitka
Полека умира оној кој не ги следи своите соништа…
Лесно умира тој што не патува, оној кој не чита, оној кој …
Како неспособните ги преценуваат сопствените способности – Данинг-Кругеров ефект
Во животот неизбежно сте сретнале барем една ваква личност – тој тврди …
jk viber

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Македонскиот идентитет во 21-ви век: Што значи да се биде Македонец?

Да бидеш Македонец денес, не значи да припагаш на географска територија именувана…