На 28-ми јуни, во кристалната сала на Офицерски Дом Битола, се одржа модната ревија „Бесконечност“/Infinity на креаторката Анастасија Зулевска. Љубителите на модата уживаа во новите модни креации. На модната ревија беа презентирани три колекции по 15 уникатни модели: двете колекции беа составени од спортски тренерки, кои се повеќе наменски поради својата уникатност. Тие можат да се носат и на спортските терени но и во секојдневието, затоа што се прилагодени за денски и вечерни активности; другата колекција е составена од сценски/ свечени модели или уникатни парчиња кои се наменети за настапи и изведби на сцена. Секое парче е изработено со посебен печат и изразена индивидуалност.
Помеѓу претставувањето на колекциите беше изведен перформанс од танцови сола на Сања Лазаревска и Ема Величковска. Моделите ги презентираа млади манекенки, но исто така гости беа и искусните манекени Стефанија Милевска Враниќ и Александар Златановски.
Спој на спортски стил и модерна елеганција. Следејќи ја модната традиција оваа ревија ќе даде придонес во уникатноста и визуелниот изглед на битолчани, вешто избегнувајќи ги модните трендови кои ја искривуваат сликата на вистинските вредности.
Фризурите ги стилизираше Андријана Петровска, фризерско студио Арија. Шминката беше дело на Стефанија Стојчевска. Диџеј на настанот беше Стефан Милевски. Видео продукција – Саше Богоевски, Creative Production. Фотографиите се на Ивона Кочов и Димитар Ристевски. Часовите по манекенство и подготовките се изведуваа во Анастасија Центар.
Импресиите на публиката навестија дека стилот на Анастасија е модниот „Ин“ на иднината.
Брендот на Анастасија наскоро ќе започне со продажба на уникатни парчиња.
Креаторката Анастасија Зулевска, 26 години неуморно твори и создава дела кои остануваат запаметени и по долги години. Бесконечност затоа што уникатните парчиња немаат рок на траење, немаат време и ограничување во изразот. Слободата на изразување дозволува да се истражат нови димензии, да се поместат веќе поставени норми и граници, сето тоа истражување може да трае бесконечно. Идејата и креативноста имаат бесконечно насоки во кои може да се твори. Бесконечноста поврзана со музика, затоа што музиката нема граници. Бесконечноста поврзана со спортот затоа што телото е способно постојано да се трансформира.
Бесконечноста поврзана со модата како алатка за креативен израз на еден уметник, кој постојано може да проникнува и истражува можности за реализација на идејата како треба визуелно да изгледа еден човек.