asra

Сара Петковска од Битола годинава дипломираше на Техничкиот факултет во Битола и се најде на листата на 12-те најуспешни дипломирани инженери по безбедност и здравје при работа, а како круна на сето тоа од страна на претседателот Пендаровски и беше врачено признанието ,,Инженерски прстен” кој го симболизира трудот и успехот вложен во текот на студиите. Освен во оваа сфера, Сара, своите интереси ги насочува и кон ИТ технолигијата, а слободното време го поминува во цртање, односно во себе носи и уметничка дарба.

Секој постигнат резултат заслужува признание и отворање на вратите за поттикнување на вакви успешни таленти да продолжат мотивирано да се движат храбро кон успехот, а истовремено и да им расте амбицијата со тоа што ќе се размислува за отворање можности за напредување во кариерата.

Од интервјуто со Сара можеме да извлечеме јасна порака за односот на работодавците и работниците на едно работно место, чувството да се биде еден од најуспешните студенти, каква духовна вредност има тоа, начинот на кој се третирани и ценети инженерите во нашата држава…

357539590 1290755941548168 5866773866504412310 n

Читај бе: Какво е чувството да се биде помеѓу 12-те најуспешни дипломирани инженери во Македонија?

Сара: Чувството да се достигне врвот во инженерскиот свет претставува престиж и истото дава мотивација за чекор напред. 

357618183 256763096973971 8210473506185428154 n edited

Читај бе: Каква награда ти беше врачена и колку ти значи таа?

Сара: Ми беше доделена награда „Инженерски прстен”, за мене тоа е чест и признание за вложениот труд и постигнатите резултати. Изразувам голема благодарност што вака високо се ценат моите достигнувања и ми дава поттик за да продолжам во инженерството. 

357517071 953071052665651 3218233264117395878 n edited

Читај бе: На скала од 1 до 10 колку лесно или тешко беше студирањето и колку си задоволна од начинот на кој се одвиваше целата програма? 

Сара: Би рекла упорност 8, бидејќи според мене не постои лесно или тешко студирање, постои упорност која резултира со успех. Бескрајно сум задоволна најпрво од целиот тим на ТФБ, а потоа и од програмата како и наставниот кадар кои дадоа максимум за да ја реализираат истата. 

357638890 960003668605017 8435350695658878395 n

Читај бе: Кога би имала шанса да промениш или додадеш нешто во твојата сфера што би било тоа и зошто?

Сара: Доколку би имала шанса да променам нешто тоа би било да се зголеми свеста на максимално ниво на работодавците, но и вработените во однос на мојата сфера ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА. 

Читај бе: Какви се твоите надежи за во иднина како еден од најуспешните дипломирани студенти? 

Сара: Пред се избирам да се впуштам во практично остварување на моето знаење т.е потрага по вработување, за подоцна да го продолжам  образованието кон следните степени. 

Читај бе: Што те мотивираше најмногу да вложуваш толкав труд во текот на студиите?

Сара: Техничките науки бараат креативност во решавање на проблеми, а јас се стремев кон тоа уште  од најмала возраст. На патот има и падови и предизвици, но тоа е патот до успехот. 

Читај бе: Колку си задоволна од начинот на кој се третирани инженерите во нашата држава и што би можело да се подобри во иднина за нивно задржување на овие простори?

Сара: Искрено не сум задоволна иако сум на почеток на инженерската кариера и мислам дека тоа што треба да се промени е законот за полагање на стручен испит за БЗР, во кој што еден од условите гласи „да има најмалку 5 години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област за која е поднесено барање за полагање на стручен испит”, закон за безбедност и здравје при работа член 17-а, кој што е клучен за наше вработување. 

357617559 979624760023903 7738743949086737368 n

Читај бе: Сара, како еден од најдобрите студенти, би сакала да им посакаш или посочиш нешто што го сметаш за значајно на нашите читатели. 

Сара: Верувајте во себе и во вашата способност да успеете. Користете ги вашите вештини и знаења за да одговорите на предизвиците со кои се соочува нашето општество и секогаш стремете се кон извондредност, професионализам и етика во сето она што го правите. 

Студирањето на технички факултет може да ви обезбеди широк спектар на работни места. Техничките факултети ги стимулираат студентите да бидат креативни и иновативни. 

meblo trejd mialnici
jk kipar
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…