step naslovna

Возбудата и радоста со освоеното 4-то место на Светското Првенство во Шпанија уште не поминала, а Латино групата СТАРС од Танцовиот Спортски Клуб СТЕП АП Битола запишува последователни два успешно поминати натпревари.

step 2

Имено, на 06.04 во Скопје во спортскиот центар Борис Трајковски се одржаа националните шампионати во стандарни, латиноамерикански и модерни спортски танци за 2024 година. Девојките од СТАРС и оваа година се државни прваци, а со тоа обезбедија пласман на Светското првенство за 2025 година.

„Во Солун, ТСК СТЕП АП со дваесетина свои членови клубот се претстави  на меѓународниот натпревар кој традиционално се одржува веќе долги години и е најголемиот натпревар во соседна Грција. Задоволни сме од резултатите на сите наши членови, во многу јака конкуренција од многу европски и азиски држави го дадоа својот максимум на натпреварувачкиот подиум. Како и во секој спорт така и во овој и победите и поразите се мотив плус за понатамошна понапорна работа која води кон искачување на најгорните скалила на подиумот.

step 3

Неспорен пример за тоа се нашата латино формација Старс која овој пат во проширен состав од 8 прекрасни девојки настапи на TDF- Thessaloniki 2024 и го освои највисокото место.

step 11

Покажавме дека и покрај условите кои ги имаме за тренинзи и финансиската потреба СТЕП АП со СТАРС станува препознатлив на сите натпревари на меѓународно поле. Рејтингот кој го стекнавме со успехот на Светското Првенство  се потврдува дека не е случајност и веќе важи за латино формација која е моќна, енергична, прецизна, синхронизирана, динамична, со технички многу тешка и сложена кореографија, исклучително добар и моќен музички микс. Со други зборови СТАРС станува латино екипа која внесува немир кај конкурентите“, изјави Вењра Сретенова Симјановска, претседател на клубот.

step 6

Да се влезе во составот на СТАРС е престиж, а тоа девојките го знаат најдобро. Редовноста и комплетните тренинзи (кондициски, усовршување на техниката и брзината и подобрување на сите ситници и детали од кореографијата, како и здравите животните навики) се исклучително важни за нивниот краен настап како и кај сите сериозни спортисти. Во никој случај не смее да се запостави и тимскиот елемент. Тоа значи дека секоја една девојка е самостоен дел од тимот и секоја работи покрај тимски и самостојно на свое лично подобрување и усовршување секогаш имајќи во предвид дека успехот на Тимот е она кон кое приоритетно се стремиме. Со нижење на успесите јасно е дека и притисокот кој го чувствуваат се зголемува, рејтингот кој го имаат не дозволува одмор, до крајот на јуни нè очекуваат уште неколку големи натпревари и заради тоа продолжуваме со уште подинамични тренинзи, вели Сретенова Симјановска.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

Интервју со Маја Атанасовска, организатор на првата женска трка во Битола – Биди своја

На 17 јуни во Битола ќе се одржи првата ноќна женска трка…