gimnazija

Гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола има значајна меѓународна соработка со училишта од повеќе земји во Европа, но најдолгата соработка е со регионот Нормандија од Република Франција. Во изминатите 15 години беа остварени повеќе размени на средношколци и околу 500 ученици од двете страни беа дел од овие размени.

viber image 2024 04 15 15 43 15 146

Продолжувајќи ја традицијата и соработката, во изминатата недела, гости на Гимназијата беа учениците од средното училиште „Тома Песке“ од градот Кутонс. Покрај нивното дружење, претставувањето на културата, историјата и традицијата на Битола и Македонија. Ученците заедно со своите професори изработија изложба „Нормандија – Македонија“, сеќавање на ослободувањето преку фотографии“. Шеесеттина ученици од двете гимназии, во изминатите неколку месеци, истражуваа и изработија изложба со која беа одбележани настаните во Франција и Македонија во текот на Втората светска војна, со што се одбележа еден голем јубилеј, 80 години од истоварувањето на Нормандија и ослободувањето на Франција и 80 години од Првото заседание на АСНОМ, формирањето на Македонската држава и секако и ослободувањето на Македонија.
Преку седумдневната размена, учениците развиваат интеркултурни компетенции за меѓусебно разбирање, толеранција, прифаќање на различностите во европските култури и градење на мостови на пријателства кои траат.

3
sl 1

Во текот на Втората светска војна, најсилниот отпор во Европа против фашистичката окупација бил создаден во Југославија, на Балканот. Главната причина е суровото однесување на германската окупациска власт кон локалното население. Со тоа и самата придонесувала за зголемување на бројот на млади луѓе кои се вклучувале во партизанските одреди. На чело на партизанското движење во Југославија бил Јосип Броз – Тито.

7

Во Македонија како дел од тогашната Југославија исто така се развило силно партизанско движење, чиј водач бил генералот Михајло Апостолски, кој во 1944, командувал со војска од 66 000 партизани. Отпорот во Македонија е поврзан и со борбата за создавање на држава на македонскиот народ.

Untitled

Не смее да се заборави на депортацијата, егзекуциите и истребувањето на Евреите и Ромите низ Европа, бројот на цивилни жртви далеку го надминува бројот меѓу војниците. Македонија го загуби скоро цело еврејско население во Холокаустот во март, 1943 г., бугарската држава собира и депортира од Македонија 7 144 Евреи од Битола, Штип и Скопје во логорот Треблинка – ниту еден од нив не го преживеал логорот.

4

Втората светска војна има посебно место во историјата на Македонија. Македонците и другите народи кои живеат во Македонија, борејќи се успеаа да создадат своја држава после војната. Во август, 1944 г. беше одржано Првото заседание на АСНОМ, односно на првиот македонски парламент кој донесе одлука за созадавање на држава на македонскиот народ во која ќе се почитуваат правата на сите народи кои живеат во неа, без разлика на нација и религиска припадност.

Сеќавањето на ослободувањето на Европа е заеднички, историски и меморијален проект, дел од јубилјните 80 години од истоварувањето во Нормандија и созадавање на македонската држава како дел од училишната размена меѓу Гимназијата „Јосип Броз – Тито“ – Битола и Средното училиште „Тома Песке“ од Кутонс. Користејќи фотографии, архиви, образовни сајтови, учениците имаа задача да документираат, работат во тимови, да го истражуваат овој историски период.
Целта на проекетот беше полесно да се разберат големите офанзиви за ослободување на Европа – отворање на фронт на запад, ослободување на Црвената армија на исток и да му се помогне во зајканување на југословенскиот отпор.

Не ги прашувај луѓето колку те почитуваат – тоа се гледа на нив
Не мораш да ги прашуваш луѓето колку те почитуваат – тоа се …
Магијата на филмот оживеана во музика – незаборавен концерт на Кирил Џајковски
На 16-ти јуни, во Националната опера и балет, Кирил Џајковски одржа целовечерен …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…