Шестмина млади средношколци од ОСМУ „Д-р Јован Калаузи” – Битола – Даниел, Костадин, Надја, Михаела, Александра и Исидора, со својата бизнис-идеја „Sporedi.mk“ се вклучуваат во проектот „Средношколец милионер“, претставувајќи решение кое може да им биде од голема корист на сите потрошувачи.
Нивната идеја е развој на веб-платформа преку која граѓаните ќе можат брзо и едноставно да ги споредуваат цените на различни производи од повеќе продавници во Македонија, без да мораат да пребаруваат на секоја веб-страница одделно. На едно место ќе можат да ги видат понудите и да го изберат најповолниот производ.
Она што ја прави платформата особено интересна е вклучувањето на AI асистент, кој ќе им овозможи на корисниците да опишат каков производ бараат и со колкав буџет располагаат. Врз основа на внесените информации, вештачката интелигенција ќе им помогне да ги пронајдат производите и понудите што најмногу одговараат на нивните потреби.
Целта на тимот е да понуди практично решение кое ќе го направи секојдневното купување поедноставно, побрзо и поисплатливо, особено во време кога споредувањето на цените и внимателното планирање на семејниот буџет се сè поважни.
Гласајте тука: https://idea-hunt-startup.lovable.app/vote/98d6853b-af58-4910-9da4-004fdd09d7cd








