FB IMG 1724222541425
DCIM100MEDIADJI_0420.JPG

Управниот одбор при манастирскиот комплекс „Свети Јован Крстител“ Битола во местото наречено Германски гробишта донесе одлука на редовниот состанок и го испрати соопштението до верниците од Битола:

„Се раширија гласини од мал број т.н. душегрижници кои би се грижеле за манастирскиот комплекс, за неогвата градба и уредување, неовластени од никого како што можеме да прочитаме.

Си дозволија да дадат нивни благослов за да бараат донации, материјални и финансиски, со назнака средствата да стигнуваат кај непознати неовластени лица, ставајќи ги нивните имиња и телефони за контакт со верниците донатори. 

Сето ова се случува самоволно без да знае црковната власт.

Се прашуваме каде завршуваат овие донации и како мислат тие да го осветат ова светилиште непочитувајќи го црковниот поредок и државните закони, според кои овие постапки и иницијативи претставуваат казнени дела.

Апелираме, доколку има лица кои сакаат да донираат во манастирот, може да го контактираат исклучиво Управниот одбор и старешината на манастирот назначени од претпоставените црковни власти.

Контакт телефон од старешината: 072-219-950

жиро сметка: 500000000935010 Стопанска банка Битола“, се вели во соопштението од Управниот одбор на манастирот „Свети Јован Крстител“ Битола.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…